Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Зошто децата се крстуваат ( во православието ) на својата 1 година?!?
Затоа што тогаш децата неможат „разумно“ да размислуваат?
Затоа што децата тогаш неможат да одлучуваат за себе?
Зошто некој друг да одлучува дали ќе бидам крстен или не?
Затоа што оние кои го проповедуваат христијанството се плашат дека ако не го прават тоа, ќе останат без верници?
Тие се плашат дека ако на децата им се даде можност да размислуваат со свој мозок, нема да бидат христијани?
Зошто?!?
Да, институциите манипулираат.manipulira institucijata a ne verata sea do utre ne mozam da te razubedam no sepak ja respektiram tvojava diskusija
Ги прашал некој децата дали сакаат да веруваат во рајот, а ако сакаат, дали сакаат влезница за во него?!?Не мислев да учествувам во овие разговори,но,вечерва не ми се спие па ајде нека биде. Во нашата Македонија не било се како сега во ова време. Во минатото немало здраствени установи на секој чекор и превозни средства. Да се надоврзам на темата зошто бебињата се крштеваат мали? Па нели за влез во Небесното царство потребно е човек да биде крстен. Тоа е визата за влез во него. Во минатото низ Европа царувале многу врсти на заразни,смртоносни болести па така и кај нас.Да не спомнувам кои но една од старите болести која многу е позната кај нас е и чумата која косела се пред себе. Таа не бирала кој,кој е и колку е возрасен. Не биле и поштедени и најмалите. Е сега да не би децата останале без влезница за во рајот биле крштевани мали. Во тогашно време во секое село или неколку помали села кои биле блиску,постоела по една жена која извршувала породување или помагала при породувањето на децата. Таа жена имала дадена власт во случај на потреба при самото породување да изврши и крштевање,поточно да ја каже формулата:Се крштева чедото божјо...во името на Оца,Сина и Св.Дух се разбира во исклучителни моменти кога ќе процени дека детето нема да преживее. Тие жени до кај што се сејќавам од кажувања се викале БАБИЦИ.Е сега ќе речете тоа време помина. Но не е така. Кој од нас ќе гарантира дека детето кое се раѓа ќе доживее 15,18,25 или 33год за да се крсти одкако ќе ја разбере добро религијата. Кој ќе ја сноси одговорноста ако некое дете остане без својата виза за во рајот. Јас и многу други ќе речат родителите а најмногу оние лажни учители кои така ги воспитуваат луѓето. Друго никој не му брани на некој и да се одкаже од тоа крштевање и да премине во друга вера ако сфатил дека таа е лажна или наметната. Но родителите си ја исполниле својата обврска му обезбедиле влез на своето чедо во една религија која опстанала 20 и повејќе векови. А родителите ни мислат најдобро така рекле стари и тоа сме го и почувствале. А како ние треба да му вратиме кажува 5та Божја заповед:,, Почитувај ги твојот татко и твојата мајка за да ти биде добро и да поживееш подолго на земјата,,.![]()
Па нели за влез во Небесното царство потребно е човек да биде крстен. Тоа е визата за влез во него.
Ајде бе, а како се протнал некрстениот разбојник на крстос на кого Исус му рекол: "Вистина ти велам, денес ќе бидеш со мене во рајот"?
За влез во Небеснотоо Царство потребно е да си вистиснки/библиски крстен, а не само избањат како мало бебе.
На крштевањето му предходи покајание и вера, нешта за кои бебето нема капацитет да ги направи.
Мики не се лути одма. Само сакав да му објаснам на МакКорен дека бањањето на бебето не е визата за во рајот, туку искрената вера во Исус Христос.
Христос го заповедал крштевањето на оние кои имаат капацитет да се покајат и да поверуваат во Него т.е. на возрасните луѓе, а не на бебињата.
Христос го заповедал крштевањето на оние кои имаат капацитет да се покајат и да поверуваат во Него т.е. на возрасните луѓе, а не на бебињата.
Зошто си сигурен дека исус никогаш во својот живот не го кажал тоа?MIKI1 напиша:Ова е некој новозаветен стих на кој не се сеќавам дека е запишан или и ова ќе го наречеш „библиски заклучок„?
„Со свој камен по своја глава„, што би рекол некој тука на форумов.
Зошто си сигурен дека исус никогаш во својот живот не го кажал тоа?
Од каде знаеш дека не го кажал ова?
Или грешам, не си сигурен во тоа?
Ти, веруваш во она што е кажано од Исус, или во она што некој напишал дека е кажано од Исус?Едно е прашањето дали Христос го кажал тоа а друго е дали кажаното е запишано во евангелијата. Пошто памтењето не ми е изветреано и сешуте добро ме служи, не се сеќавам дека такво толкување кон крштевањето е кажано од Христа и истото запишано. Според мене, нема такво толкување и запис Христов кон крштевањето, кое вели дека само возрасни и свесни луѓе можат да се крштеваат а другите, (бебињата) не можеле.