Авто новости

“Oпел” воведува доживотна гаранција на своите возила

“Oпел” воведува доживотна гаранција на своите возила

149.gif


Со цел побрзо да се извлече од економската криза, германската автомобилска компанија „Опел“ на своите купувачи ќе им обезбеди" доживотна гаранција, која ги покрива речиси сите трошоци за мотор, електроника и други компоненти. До сега во Германија “Опел” е прв кој го направи овој чекор.Иако гаранцијата е на неограничено време, сè уште постојат некои трошоци на товар на клиентот поради разни дефекти на возилото.

“Доживотната гаранција" важи за поминати 160.000 километри, а германски "Опел" во својата понуда не вклучуваа и покривање на трошоците за замена на некои делови, како на пример трошоците за сопирачките или за се свеќиците. Сè уште не е познато што ќе се случи со купување на половен автомобил што има доживотна гаранција. Шефот на "Опел" Ник Рајли, менувањето на бизнис стратегијата ја нарече историска и рече дека "се бројат деновите за плаќање на скапи поправки“.
 
^ Kонечно и Германски производител да се рамни со Азиските по гаранција...Тојота најави 10 години - незнам до кај е стасано ова, Киа/Хјундаи 7 години.
Викам јас конкуренцијата е здрава работа...
 
хехе, доживотна гаранција или 150.000 и не е баш така лошо. Засега се држат до она 3 години или 100.000 км. Ама пак, едно е 3 години, а друго е доживотна.


Тргнувајќи од ова,можам само да констатирам дека го следат Мерцедес и БМВ... Кај нив гаранцијата се подразбира :) со цифрите што ќе ги оддвоиш за одреден модел
 
Мерцедес имаат 30 години гаранција на каросерија. 20 години (мислам) мобилност...
 
Кина е дом на повеќе луѓе отколку било која друга држава на земјата и брзината со која нивните градови се претвораат во мегаградови е ненормална. Креирање и справување со транспортниот план за толкав број на луѓе од кои најголем дел имаат кола или аспирација во скоро да имаат кола е страшно комплицирано особено кога треба предвид да се има и загадувањето на средината.

Ама па кој ако не кинезите ќе излезе со некое сјајно и задолжително откачено решение за проблемот?

2010%2f8%2fStraddling-Bus.jpg


Погледнете го сега ова феноменално решение на јавниот превоз... Автобус кој вози над колите и патот за колите на свој посебен малку модифициран пат кој може да застане на своите станици без да го попречува другиот сообраќај и да се „лизга“ на врвот од гужвите. Сигурно прво нешто што ќе нѝ падне на памет е прашањето за тоа колку ќе чини изработката на овој автобус и дека најверојатно ќе биде многу скап ама НЕ, не е баш така. Автобусот е многу побрз и 90% поевтин отколку градењето на нова железничка бидејќи тој работи на соларна електрична енергија и бидејќи за него нема да се прават никакви посебни патишта туку само ќе се модифицираат постоечките.

Изработката почнува кон крајот на годината... Повеќе...
 
Ем старо, ем веќе имаше ваква тема некаде на форумот.... и највероватно ова чудо можо да го видиш во сајнс фикшн филмовите. За во живо малку потешко засега.
 
Зашто сајнс фикшн филмови, секаде пишува дека кон крајот на годината веќе ќе почне да се гради... Не се сомневам дека ќе биде готово во текот на следните година, две
 
Да де, ископај ја темата на форумов, па почитај таму шо има пишано...

друго, како чудово ќе се справува со надвозници и места каде што се спојуваат патиштата? Или во кина имаат идеално прави патишта за идеалниот автобус....
 
MG се враќа! Повторно како англиска марка!!!

MG6!

MG6-2_1667984c.jpg

MG6_1667990c.jpg


PRICE/ON SALE £15,000-£20,000 (est)/late autumn
ENGINE/TRANSMISSION 1,796cc, four-cylinder turbo. Five-speed manual gearbox, front-wheel drive
POWER/TORQUE 158bhp/158lb ft
TOP SPEED 130mph (est)
ACCELERATION 0-60mph in 9sec (est)
 
Го одбраа времето кога да се вратат, пак ќе ги снајде иста судбина.
 
Мх, не би рекол. Германија има економски бум моментално. А чим Германија мрдна, ќе ја повлечи цела Европа. Второ Англичаните се мањаци за сопствени марки. Сигурно ќе се продава во Англија. Едно добро review нa Top Gear ќе оди како алва. А мислам дека нема потрфрлат овој пат.
 
ВИДЕО: Официјално – Mercedes CLS!

Се чини денес секој производител сака да има купе со четири врати во својата понуда. Volkswagen го лансираше Passat CC, Audi A5 и A7, па дури и BMW планира таков модел. Сепак еден модел ги заслужува почестите за лансирањето на ваквите возила – Mercedes CLS.

img22721458.jpg


Актуелниот модел е до толку успешен, посебно во дизајнот, што дури и денес изгледа свежо и модерно. А како и не би било така – елегантната линија и симнувачкиот заден дел се единствени на патиштата.

Секако, наследникот повторно настапува со слична идеја, но сега дизајнот добива на дополнителна агресивност, особено во предниот дел – во предните фарови се вградени вкупно по 71 LED диода, за трепкачите, дневните и нормалните светла.


Едвај чекаме да видиме како тоа изгледа кога ќе зајде сонцето... И задните светла ќе бидат изведени во LED технологија, но тука повеќе импресионира флуидната изведеност на задниот дел, со широките странични крила, кои ја нагласуваат спортската нота... Се на се, веројатно најубавото купе со четири врати досега.

Внатре, дизајнот е типичен за последните модели на Mercedes, но со малку помеки линии. Командите се логично изведени, без премногу експериментирање, а квалитетот на материјалите е на највисоко можно ниво – во поопремените модели, дел од предната табла ќе биде изведена и во карбон фибер, а Mercedes се фали и со новата кожа за седиштата, дебела 1,6 mm... Простор внатре ќе има за четири патници, бидејќи централниот гребен, ќе се протега и на задните седишта.

Моторизацијата ќе ја сочинуваат моторите од Е Class, модел со кој CLS ги дели повеќето компоненти. Во превод тоа значи дека влезен модел ќе биде 3,0 литарскиот V6 дизел, а како негова бензинска алтернатива, ќе се нуди 3,5 V6 бензинецот со директно впрскување на горивото. V8 единиците ќе бидат застапени со новиот 4,7 литарски bi-turbo мотор со 440 КС, како и со AMG верзијата со 5,5 литарски bi-turbo мотор со 570 КС.

Моделот треба да биде достапен кон крајот на годината, а цените ќе ги дознаеме по саемот во Париз, кога е и официјалната премиера на CLS.

повеќе слиќи ТУКА
 
Кои се најбрзите автомобили за 2010?

10. Pagani Zonda F - 325 km/h. 100 km/h; за 3,5 секунди, 694.000 американски долари.

9. Jaguar XJ 220, 325 km/h, 100 km/h за 4 секунди, 150.000 фунти.

8. Ferrari Enzo, 325 km/h, 100 km/h за 3,2 секунди. 1.000.000 американски долари.

7. Ascari A10 - 330 km/h, 100 km/h за 2.8 секунди, 650.000 американски долари.

6. Gumpert Apollo - 350 km/h, 100 km/h за 2,7 секунди, 400.000 американски долари.

5. McLaren F1 - 350 km/h, 100 km/h за 3,2 секунди, 100 km/h, 970.000 американски долари.

4. Saleen S7 Twin - Turbo - 370 km/h, 100 km/h за 3,3 секунди. 585.296 американски долари.

3. Koenigsegg CCX - 380 km/h, 100 km/h за 3,2 секунди. 1.820.000 - 2.050.000 американски долари.

2. Bugatti Veyron - 390 km/h, 100 km/h за 2,5 секунди, 1.444.000 американски долар.

1. SSC Ultimate Aero - 400 km/h, 100 km/h за 2,7 секунди, 485.000 американски долари.

Сликите и целата сторија ТУКА
 
Некако бројките не ми изгледаат баш точни, и заокружени се. Плус, не сум сигурен дали ССХ беше пред Вејронот, чија брзина е дефинитивно поголема од 390km/h. Баш пред 2-3 дена гледав Top Gear и го возеа на овална стаза макс. 407 km/h.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom