Авто новости

Another one bites the dust...

Mercury, американската ќерка-компанија на Форд, вчера (3 Јуни) објави дека ќе престане целосно со работа до крајот на годината.
 
Не се разбирам многу од автомобили но што ќе кажете за Ford Mustang Shelby од постарите ми се поубави!! :smir:

File:Tuned_Ford_Mustang_(Orange_Julep).jpg
 
Јапонскиот производител на автомобили кои важеа за едни од најбезбедните ќе треба да повлече од пазарот дополнителни 270 илајди возила бидејќи во неколку случаи било откриено дека моторот се блокира при брзина од 180 километри на час
Во јапонскиот автомобилски гигант сметаат дека деак ваквите мотори со грешка може да се наоѓаат во околу 270 илјади возила, од кои 180 илјади се продадени во странство а околу 90 илјади во Јапонија.
Станува збор за сериите „лексус“ GS350, GS450h, GS460, IS350, LS460, LS600h и LS600hL, како и за „тојота краун“, пренесува Reuters.
„Во најлош случај, моторот на анведените модели во текот на возењето може да остане блокира,“, соопштил претставникот на концернот Тојота во Јапонија.
Од компанијата најавуваат дека работат на преиспитување на тој проблен, но и дека се уште не било решено дали поедини модели ќе бдиат повелечени. Претставникот на Тојота нагласил дека заради овие можни грешки досега не била пријавена ниедна сообраќајна несреќа.
Тојота подолго време има големи проблеми да го сочува својто имиџ. Досега изминативе неколку емсеци, од пазарите низ целито свет компанијата повлече од продажба повеќе од десет милиони автомобили заради грешка на педалите за гас и за кочење. Во САД Тојота плати досега рекордна казна од 13,4 милиони евра бидејќи јавноста правовремено не била зивестена од нејзина стран аза поблемите во нејзинит возила, пренесува Deutsche Welle.

значи покрај тоа што и понатака тојота прави катастрофални грешки, во обид да изнајде начин да ги поевтини автомобилите, имам и еден добар коментар за оној што го пишувал текстов... како бе во текст од 10 реда успеа да направиш 12 печатни грешки? јас толку увидов, можда се и повеќе....

еве го и линкот.. читајте и плачете...кој од мука кој од смеа http://www.forum.com.mk/25535;jsessionid=07CC12B1D0403E220C0D533AE3030A6E
 
Се супер за постов, ама имаат бе овие некаков Л од лектор. 10% од текстов е со грешки.


Онтопик: Јапонците се вивнаа некако многу откако станаа први во светот со продажба.
Испадна народната : Фалбата е рѓа!

Ај ќе се средат. Јапончиња. Вредни луѓе :))
 
Ми се свиѓа количево, слушнав еве имало едно и во Македонија, ама само едно бре, кој попрво да го земе? :D:D
Продолжува серијата на пристигнувања на уникатни автомобили во Македонија. Овој пат, се работи за Citroen DS3... Само ЕДЕН DS3 во целата држава, малку лошо, не?

Освен што е модерен и стајлиш хеџбек со три врати, што друго треба да знаете за овој Citroen? Па вака, Citroen DS3 е хардкор верзија на DS3 THP 156, ДА, турбо верзија на најбрзиот во DS3 серијата на одлични хеџбеци. Нов, со многу стил и надополнет според последни технологии - новиот DS изгледа дека стана синоним за најпосакувана Француска кола која некогаш била произведена.

Купувачите на DS ширум светот ќе имаат повеќе варијации за избор, за разлика од нас овде. Тие ќе можат да одебрат помеѓу DSign, DStyle и DSport како и помеѓу три дизел и три бензин мотори. Моќноста на моторите се движи од 95 коњски сили на DSign до 150 коњски сили на DSport.

2010%2f7%2f4284724643_d0bc3a1ae0_b.jpg

Повеќе тука
 
И од сите по едно праќаат кај нас, најверојатно затоа што сме бедни и немаме финансиски сили за да повлечеме повеќе од едно парче. Ама одлично изгледаат, нема коментар... Ford Focus RS500.
2010%2f7%2fRS500_01.jpg

2010%2f7%2fRS500_12.jpg


Ford Focus RS500 е новата лимитирана едиција на Ford со супериорни перформанси. Она што е интересно и што мора да биде кажано е дека токму еден и тоа само ЕДЕН ваков Ford доаѓа во Македонија. Што е толку невообичаено, што е толку фантастично за да бидеме воодушевени од оваа информација и со срце да го чекаме пристигнувањето на RS500 во Скопје?
Новиот Focus RS500 има 2.5 литарски мотор со 5 цилиндри и 350 коњски сили што му дава 15% поголема моќност во однос на стандардниот Focus RS и резултира со навистина невидени перформанси на патиштата или патеките за трки. Моќноста на RS500 одзема здив, но истата е соодветна и проследена со исто толку драматична визуелна појава. Мораме да се согласиме дека со својата мат црна финиш боја и алуминиумски фелни 19, Focus RS500 остава максимален визуелен впечаток.

Јакооо, а и стварно многу јако изгледа... особено за разлика од зеленион што го рекламираат :D
 
Mercedes SLS AMG со 620 коњски сили е на пат...

Пазете затоа што многу побрз Mercedes SLS AMG со 620 коњски сили е на пат. Но, не е сè така како што изгледа...

Добро, ова не е вистински Mercedes SLS AMG “Black” туку некоја негова Kicherer верзија, но и покрај тоа можеме да кажеме дека е опасен.

Скоцкан со пакет на стајлинг и перформанси, Kicherer SLS Black едицијата има модифициран заден дифузер, нов преден спојлер, 20 инчни RS1 тркала и на сето тоа има дополнително подесив спортски систем за суспензија. Исто така, деталите кои го красат екстериерот се изработени во црна стандардна наместо во хромирана варијанта.

Јако изгледа во оваа мат црна боја, мора да признаеме...

Модифициран и подобрен ECU, издув изработен од нерѓосувачки челик ја зголемува моќта од 562 на 620 коњски сили. Можеме со сигурност да очекуваме максимална брзина над 320 км/ч од овој мал ѕвер. Повеќе за SLS AMG...

2010%2f7%2f4751609990_9a9c25007b_b.jpg
2010%2f7%2f4751610078_41ffb5181e_b.jpg
 

И покрај новите стандарди за ниско поставена шасија на џиповите (гредите се ставаат на ниво на патнички автомобил) сепак...гледајте го ова...
 

И покрај новите стандарди за ниско поставена шасија на џиповите (гредите се ставаат на ниво на патнички автомобил) сепак...гледајте го ова...

А замисли што ке беше ако беа повисоко :nesvest:
 
Кола без волан, кочници и возачко седиште?!

2010%2f8%2fatnmbl.jpg


Едно дизајн студио во Сан Франциско изработи многу интересна концепт визија за патничко возило кое би требало да се појави до 2040 година, но најинтересниот дел од целата информација е дека ова возило е независно. Што сака да каже тоа независно?

Па со ова сакаме да ви кажеме дека возилото кое комфорно може да смести седум патници, може да им пружи одлично самостојно патување од точката А до точката Б и самото автоматски да го извози зададениот пат додека оние кои се возат можат да седат на кривулестата софа, да гледаат филм, да играат карти или да ги „фатат“ вестите на огромен тачскрин дисплеј кои нуди повеќе информации за патувањето, забавни и бизнис информации. Autonomobile концепт патничкото возило ќе се погрижи за целото возење и навигација оставајќи ги патниците само да седат и да уживаат во возењето.

2010%2f8%2fatnmbl-3.jpg


Ако расположението на патниците побара мало освежување, возилото може да ја заврши и таа работа.

Идејата за ова возило станува сè полуда со секоја дополнителна информација. Читај понатаму... колку е само луда оваа кола...
 
Ова е само концепт.
Концептите се прават само со замисла и без реализација,
Претпоставка на некои футуристи е дека ќе биде реализиран проектот во наредните 30 години,
Мене лично ме загрижува следново:
погонското гориво кое ќе го користи овој изум?
и низа друѓи прашања, сензори за против судири (магнети)...
 
Ова е само концепт.
Концептите се прават само со замисла и без реализација,
Претпоставка на некои футуристи е дека ќе биде реализиран проектот во наредните 30 години,
Мене лично ме загрижува следново:
погонското гориво кое ќе го користи овој изум?
и низа друѓи прашања, сензори за против судири (магнети)...

пишува ..
соларна енергија и ел.мотор ..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom