Според последните написи, Ford се спрема на пазарот да понуди купе изведба на својот crossover, односно компактен SUV, со интересно име кое на српски и хрватски значи „чума“ Kuga.
Се работи за 4х4 модел со три врати кој на пазарот воопшто нема конкуренција бидејќи постои само еден сличен модел. Станува збор за X6 на BMW но тој припаѓа во повисока класа.
Така Kuga купе на купувачите треба да им понуди слична комбинација на динамичен изглед, практичност и повисока седечка положба, но за многу помала цена. Во понудата може да се најдат изведби и со погон на две тркала, а моторизацијата во поголем дел ќе биде преземена од следната генерација на Focus.
Со други зборови, во понудата се очекуваат бензискиот EcoBoost турбо мотори со директно вбризгување, вклучувајќи го и 1.6-литарскиот погонско строј со сила од 150 и 170 КЅ. Дизелската понуда ќе ја прават 1.6 и 2.0 TDCi. Првиот ќе има сила од 130 КЅ, а вториот ќе биде понуден во две верзии со сила од 170 и 200 КЅ.
Споменатите мотори ќе бидат комбинирани со стандардните 6-степенски рачен менувач и Powershift менувач со две спојки.
Понатаму, во понудата се очекува и стоп/старт систем. Изворите најавуваат и богата опрема, но доаѓањето на овој модел на пазарот е реално да се очекува во 2011 година.