Авто новости

Oд 2009 новата Е класа на мерцедес
Mercedes+new+E-Class+2009_133.jpg
 
Значи овде може и да се прокометира за возилата, немора да се ставаат само сликички... Искрено многу ме изненади дека Порше се одлучи да вградува дизел мотори. Според мене, пропадната инвестиција. Дизелите се домаќински мотори, не се за спортски автомобили.
Инаку Е класата на Мерцедес многу наликува на сегашната S...
 
Ај нека стаат дизел у 911ка да ги видам...

Од кога почнаа со С класата таков имиџ и дадоа и на Ц класата сега и на Е.Ама супер изгледа многу моќно и убаво е за гледање,плус како му стои белово боиче мх мх мх

Oд Опел нешо ми е нејасно најавија дека замена на Вектра ке биде Иnsignia
TUKA

А сега гледам концепт за вектра 2010
1-2010-Opel-Vectra.jpg
 
Кој ги знае што планираат... Точно е дека Опел престана да ја произведува Вектра, и како замена ја воведе Инсигниа во соработката со Вуксал. Можеби тоа е финта за да се вметне нов автомобил кој како замена ке биде доста продаван (се темели на популарната Вектра), за да кога ке стекне сопствена репутација да ја вратат Вектра назад :wink:
 
Категoрија: Volkswagen



И покрај тоа што од VW се трудеа да ги задржат подалеку од јавноста, сликите од новото спортско купе на германската компанија, Scirocco протекоа низ интернет мрежата.
 
Охо... Друже малку си закаснал, незнам од каде го копираше ова. Широко беше официјално представено на саемот на автомобили во женева, пред 1 недела. А го имаше и на насловна на кајгана.
 
Субару го представи првиот турбо-дизел боксер мотор во светот.
Еве како изгледа, а ако сакате да видите како работи, еве ви и . Добро се гледа како работи не само моторот, туку и турбото и интеркулерот.
subarus_diesel_boxer.jpg

subaru-diesel-2.jpg



Баш ме интересира каков звук се добива. Од Субару велат дека намалено е тресењето во споредба со линиските мотори, и има понизок центар на гравитација, што доведува до поголема стабилност во свиоците.
 
BMW Isetta се враќа на пазарот?

Се поголема е побарувачката за мали компактни градски автомобили, па BMW највероватно ке ја воскреснат популарната Isetta која ја исфрлија на пазарот во крајот на 50-тите години, и патем ја спаси фабриката од пропаст. Еве како би изгледала редизајнираната Isetta која ке биде со хибриден погон, и enviriomental friendly.
bmw-isetta-spaceball.png
 
Не ми се допаѓа Isetta-ва но се поверојатно е дека ќе се произведуваат се помали и помали автомобили поради големите гужви во градовите.
 
Уф мерцедесов моли да го имаш
 
Остај... Сум имал прилика да ја видам Ц класата. Се заљубив, изгорен сум да имам еден таков (без разлика што го движи не пребирам). Неможиме ни да замислиме што се ке понудат во Е сегментот.
 
Сузуки Алто е развиен така да воопшто не потсетува на претходникот
alto--vo.jpg
Новиот автомобил на јапонскиот производител ја здогледува светлоста на денот. Најмалиот модел на Сузуки е развиен врз концептот на моделот А-Стар, наменет е за европскиот пазар и нема ништо заедничко со претходникот.
Димензиите на симпатичниот мал Алто не се познати, но производителите тврдат дека може да прими четири возрасни лица. Од фотографиите се гледа дека ќе биде совршен за градска употреба. Тоа го потврдува и трицилиндричниот погонскиот агрегат со зафатнина од еден литар, со што развива 65 коњски сили.

Според информациите на конструкторите, потрошувачката на гориво изнесува 4,6 литри на поминати 100 километри, а моторот ја задоволува Евро 5 еколошката норма.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom