За Времето ...
Книга-Паралелен Свет од Б.Д.Бенедикт,страница 252,извадок за времето...типот разговара со свет од другата димензија,т.е дух
-Време!Што е тоа за вас?
-Време,како што ти е тебе познато овде не постои.Не постојат ни физиолошко-механички средства со чија помош ке се измери времето.А тоа што не може да се измери едноставно -Не постои!!!
-Можеш ли да патуваш по времето,мислам на минатото и иднината?
-Многу во тоа не умеат ,но,јас научив.Бидејки минатото ми е многу познато,со љубопитност загледувам во иднината но не сум во *состојба* да патувам во поодалечната иднина!!!
-А што е тоа време?-ме интересираше
-Долга пауза...
-тоа е..тоа е како тркало со филмска трака-објаснува *таа*.Замисли сега филмот кога се продуцира,сликите кои *сега* поминуваат низ објективот се Сегашност!Но Внимавај Сегашноста како таква не постои!Затоа што брзината на тој филм е огромна.Побрза од светлината!Замислете да низ објективот помине *сегашноста* со 300 000км во секунда!Всушност мислам дека и тоа е преспоро!Филмот кој веке поминал низ објективот е -минато- а тој кој во текот ке се појави е иднината.Вие на жалост ретко можете да погледнете во минатото или иднината на вашиот *филм*.Нас овде ни е лесно бидејки не сме *врзани* за времето како вас.Секој човек има свој филм кој се одмотува од раѓање па се до смртта.Кога човекот ке *умре* овој филм му се *покажува* како подобро би ги сватил своите лоши и добри особини од животот.
-Значи времето има почеток и крај?
-Се шо има почеток *мора* да има и крај.Но тоа се однесува само на материјалниот свет.Духовниот свет е созаден од друг *нерасиплив* материјал!!!
-Каков?
-Се плашам дека тие работи и *јас* сеуште не сум ги осознала...