- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.464
- Поени од реакции
- 5.881
Тепачки меѓу средношколците Македонци и Албанци во Струга
25.02.2008 20:30
Двајца ученици се полесно повредени, а двајца викнати на информативен разговор во струшката полиција. По денешните инциденти со тепачки, меѓу средношколците Македонци и Албанци, училиштата „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга.
По двата инциденти што се случиле во заедничкиот училишен двор, со цел да се смират тензиите, директорите на двете училишта и локалната самоуправа, одлучија утре и задутре овде да нема настава.
За да се утврдат причините за тепачките и да се изнајде начин како наставата да продолжи понатаму.
Во првиот инцидент околу девет часот, една група ученици нападнала друга група при што двајца ученици биле повредени, а други двајца осомничени за тепачките биле однесени на информативен разговор во полиција.
Втората тепачка се случила околу 14 часот, кога интервенирала полицијата во смирување на зовриените ученички страсти.
Сега училиштата се под засилен полициски надзор. На денешните тепачки им претходеа серија, тензични ситуации во овие училишта, мината недела со жестоки вербални расправии и препукувања преку интернет меѓу учениците Албанци и Македонци.
Инцидентите предизвикаа загриженост од ескалација на меѓу етничките судири, кои меѓу средношколците, пред неколку години прераснаа во масовни училишни протести низ улиците во Струга.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90099