Ваша поезија!

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
мрзам писатели
што учат точка запирка и параграф
и мислат дека се фраери
мрзам писатели
што мислат дека доколку има рима е ептен геј
и затоа се длабоки
и само ставаат нов ред
на обични реченици
како оваа
така
наречена
песна
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Убиство на мојата улица

Сите заспиваат тивко, само тој се уште црта на ѕидот​
Сите ампули ги голтна и си остана без модриците​
Но сега е во ред...сега во кошмарите сум сам​
Ти веќе не си во нив-затоа што те убив​

Светот го држам обојан во сино​
Коњски галоп покрај нејзиното тело​
Канцелариски мебел расфрлан на тенкиот под​
Само погледот останаа во ова ладна ноќ​

Мислев дека сите сте убави...​
Но се лажев​
Мислев дека ќе има крај​
Но нема надеж​
 
С

Сатори

Гостин
~*~

~Со посвета~

Безброј отчукувања во само еден единствен момент,
малку топлина и проток на сила,
чуден сон полн со игли и катанци,
шминки под автомобилски делови.

Се обидуваш да бидеш мудар,
да бидеш борбен и слободен.
Можам да разберам љубов,
болката само не ми е јасна,
далеку е овцата од стадото,
а мелодијата на вештицата
секогаш е премногу гласна.

Ако се разбудиш жив
ќе ми биде драго да те гушнам,
иако јас сум таа што сонува.

В.Бојковска
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Репресија и агресија, тенка бела завеса врз лицето
Да не дадам, да не видиш
Како што замолчува сонцето.

Жица од електронска прашина околу вратот
Да не кажам, да не чуеш
Kaко што гние свилата.

Флуидни тупаници а презаситен воздух
Рацете да истечат
Да не допрам, да не знаеш
[FONT=&quot]Дека стои и времето зачудено.[/FONT]
 
Член од
25 февруари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Passion



Oh... give me back the passion...
That left with your embrace
It wasn’t fair to take it
To remove it from it’s place

It’s mine, I want it back
It’s the thing I can’t forgive
Of all the things you’ve offered
Only the passion deserves to live...

Oh, give me back the passion
That came from your burning kisses
Hungry lips are these of mines...

But the passion I sorely miss...

I can forgive you for the heartache
I can forget your thoughtless greed
So take back your honey words
It’s only the passion that I need

Oh, give me back the passion
Born of your whispered dreams
You can keep the sexual notions
But the passion I must redeem

As the only gift you gave me
Stirred as emotions in my soul
And they flowed through me like an elixir
Through my veins to make me whole

Oh, give me back the passion
Flamed as fire in your urgent touch
So deny me of your caresses
But the passion I need so much

Why would you want to take it?
For in you, it has no use
But for me it heals the hurt
It’s a voice to express my views

Oh, give me back the passion
That you awakened as forbidden desire
Just keep the words I’ve longed for
But in stealing my passion…you’ve stolen my fire!
 
Член од
25 февруари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
The Legacy

Music on the breeze
outside my window
hips swaying, fingers snapping...

This is not the voice of my mothers...
My hands are the hands of my grandmother
warm, full with knowledge of spices

These eyes are my mothers
and the strenght that i have from inside is a gift from my father

My childhood is that of long summerdays
walking to the corner store for ice cream
chasing the bells with my old school uniform
eating creamy-filled cookies
coating my tongue, delighting the senses...

I'm the hope of three generations
searching for my grandfathers dream
light skin passing for acceptance
on paved golden roads...
...longing for the taste of chills, a secret history.
 
Член од
25 февруари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
THE MYSTERY


I've looked into her eyes and saw the things I understand.
Is she a mystery? ...I think not.
She looked at my smile...searching for something that was there.
Am I a mystery?... I think not.
I've listen to her voice, and called her an angel...
...and this angel is flesh and blood,
not a doll to be put on show...
You see - she's not a mystery...

...than she said to me...

...I am flesh and blood.
touch me... I wont break.
there's no mystery here.
caress me... feel the warmth.
I'm not a mystery... I am Woman.

...here I am - desires abound, all arround me...as she softly kissing me...whispering...
I'm...relentless and sensuous - yours to caress
just like a flower... make me bloom...

Don't stop... not even to rest!
No mystery here... Just a Woman.
I can feel the weight of your body against mine...
Your heaving breath upon my skin.
the most gentle touch on my thigh,
the soft nibbling on my breasts...
...moving slowly in a downward motion...
Now you see...She's no mystery... She's a Woman...
She's all Woman.
 
Член од
25 февруари 2008
Мислења
8
Поени од реакции
0
Dreaming together

...I'm waiting for the dawn
...night...is...just drifting away
on the wings of my dreams, to another day
Standing on the clouds
the winds blowing still and carrying my sleep fare so fare away...
catching it, in a silver box
I'm hunting all the nights
a slave to my dream...I am...
...an illustrated seen descends in my sleep...
Playingfor the hope...emotional games
turning off my eyes...and hiding my shame
A never ending dream ...I'm dreaming of you...
I'm waking up in spring...the sweet imoving thing
Tonight I want you to hide your dreams too
...as i do...
...and I want to be with you.
 

aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Биди Сонце,оган и дожд......
Усвитена топка што ќе го запали моето срце.
Измиј ги сите рани.....
Биди нешто повеќе од денес,
нешто подолго од вчера.
Запали ме.....
Гори во мојата душа.....
Измиј ја пепелта од моето срце....
Биди Сонце,оган и дожд........
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062


Последните македонци


Чекор по чекор, нога пред нога,
Едвај, јадовно и со мака,
крај крстопат, под сува корија
и пусти безводни полиња,
карван гибелен тивко минува.
Ни глас, ни шепот се слуша,
кротко се крепат со копјата скршени, и
веѓи смуртени веднеат
скршените и поразени души траурни.
Сал молчешкум врват пеплосани, и
влечат кочии полни мртовци,
одат, а каде ни самите не знаат.
На лицата болка име им отсликува
дур над нив птици мршојадни
се пореваат и чекаат
и оние што едвам чекор пружаат,
наземи да се струполат,
оти нема кој да ги стане,
последните македонци.



Инспириран од последните случувања во државата се потсетив на гибелта
која над глава ни виси како Дамоклевиот меч!
Историјата е циклична,? Кругот е тркалезен!
Или не е?
 

shadows & smile

just a lost boy
Член од
10 февруари 2008
Мислења
291
Поени од реакции
7
Очите на магичното огледало,
ме гледаат со
тажна тајна возбуда...
Капка роса како солза на кокичето,
мирис на весела тага со вкус
на магловито утро.
Скрши ги огледалата,
испиј ја капката,
мирисот ке изветрее,
и пак ке дојде сонцето
Со неговата топлина и убавина...
 

Goddess of Chaos

Nixe Nox
Член од
16 август 2005
Мислења
6.250
Поени од реакции
228
Меѓу твоите четири милиони ѕида живеам
Дишам, спијам, сонувам
Во влагата на твоите усни
Растам како богато полеван цве
т
Што ми значи малку сонце низ прозорецот?
Кога туѓа е мојата храна.
Меѓу своите џиновски лалиња те барав
Замислував, создавав, па бакнував
Ме отру сопствен ембрион
И немам тага, се собирам назад
Во црниот зенит на облаци тивок чад
Од свеќите меѓу твоите четири милиони ѕида
Пеат за сираците на реалноста
Јас и ти?
Што ни значи нам малку сонце низ прозорецот?
Кога длабоко во водата се нашите души.
 

aquarius

sweet child
Член од
20 октомври 2007
Мислења
170
Поени од реакции
0
Можев ли да ја скротам мојата дива душа?
Можев ли да ги оставам моите соништа?
А сепак паднав.........
Можам ли да го зауздам мојот див дух?
Мислите и разумот не се исто.
Тие летаат,а чувствата горат во мојата душа.....
Мојата душа е немирно море,
а во тоа море горат моите чувства....
Можам ли да го скротам мојот див дух?
Тој едноставно само беснее во моето тело...
Можев ли да паднам???
Сепак паднав........
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
ма знам јас дека мастурбираш
иако тоа го негираш
вртиш очи на ангелски бедра
пловиш меѓуножно како брод без едра
знам дека си трескач по вокација
и секоја жена ти е инспирација
имаш грам памет, тон мускулатура
ти си само една обична скулптура
а никаде уметност.
 

shadows & smile

just a lost boy
Член од
10 февруари 2008
Мислења
291
Поени од реакции
7
Белата темнина со чудесниот сон
и неговата прашина со посебени светови
и многу вистини...
Море од луѓе во кој владее штама,
невозможна вистина
и тоа вечно лажна,
насмевка,
и се е во ред и хаос...
Раскинатост низ зборови,
денот е сепак крај на ноќта
пијанство од себенаоѓање
и конечно...
грубоста исчезнува.
...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom