Помош со MySQL и PHP

  • Креатор на темата Креатор на темата DimitarMK
  • Време на започнување Време на започнување
Едно квери е, црпи од 4 табели податоци. Но сепак приказ на 200+ податоци во еден упит е многу.
Од мое лично искуство досега, ова е мачкина кашлица за MySql. Сум имал многу полоши ситуации со кои MySql зачудувачки добро се справувал, така да мое мислење е дека немаш гајле.
Единствено мислам дека веб броусерот можи да зафркава понекогаш кога има голема количина на податоци за приказ. Во секој случај, практикувај си употреба на pagination. :helou:
 
Едно квери е, црпи од 4 табели податоци. Но сепак приказ на 200+ податоци во еден упит е многу.
Значи прави конекција, зема што му треба и затвара. Следев оптеретеност на процесор, воопшто не реагира што ме радува :)

Ух ух ... повеќе од 200 ... ризична граница. Добро бе, вие се мајтапите? Да беа повеќе од 200.000 разбирам да размислуваш за кеширање и сл. што повторно мислам дека не е потребно ако базата е добро дизајнирана (индекси, оптимизација на кверијата, и сл.). Тие 200 па нека се и 2000 без проблем можеш да ги држиш и локално во меморијата на клиентот и да си играш со нив како сакаш и пак нема да осетиш оптеретување.
Ако не грешам, само еднаш досега сум прекорачил време повеќе од 2 секунди за обработка на податоци од база и тоа во случај кога се вадеа статистики за активност околу 5.000 членови според неколку параметри: пратени и примени пораки (табела со над 100.000 записи), дадени и примени оценки (табела со над 50.000 записи), број на најави и време на користење на сајтот (табела со над 500.000 записи), број на фотографии и блог постови (табела со над 10.000 записи) и уште некој параметар имаше и сите тие обработени со соодветен коефициент за на крај да се добие конечен рејтинг.
Совет ... стави си тајмери во кодот ... така ќе провериш каде имаш големо временско задоцнување ... нема теорија да е при комуникација со базата за +200 записи.
На такви мали количини поверојатно е успорувањето да ти се јавува при рендерирање на резултатите за нивен приказ а не при размената на информации со базата (кое време треба да биде изразено во милисекунди па и за покомплицирани кверија).
 
Сајтот екстра брзо си работи, само ми беше повеќе за базата да не го замарам процесорот пошто се наоѓа на делен хост. Испадна дека нема никаков проблем, сега истата база има 500 записи и нејќе да чуе :)
 
Прашањево не е за овде, ама незнам каде да го поставам, оваа тема ми се чини како најблиска.

Пример имам домејн ime.com. Ако креирам фолдер test во root тогаш до него може да пристапувам со ime.com/test/ , а прашањето ми е што треба да направам за да добијам test.ime.com на апачи сервер? Има некој некакво искуство?
 
Види овде
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom