Ух ух ... повеќе од 200 ... ризична граница. Добро бе, вие се мајтапите? Да беа повеќе од 200.000 разбирам да размислуваш за кеширање и сл. што повторно мислам дека не е потребно ако базата е добро дизајнирана (индекси, оптимизација на кверијата, и сл.). Тие 200 па нека се и 2000 без проблем можеш да ги држиш и локално во меморијата на клиентот и да си играш со нив како сакаш и пак нема да осетиш оптеретување.
Ако не грешам, само еднаш досега сум прекорачил време повеќе од 2 секунди за обработка на податоци од база и тоа во случај кога се вадеа статистики за активност околу 5.000 членови според неколку параметри: пратени и примени пораки (табела со над 100.000 записи), дадени и примени оценки (табела со над 50.000 записи), број на најави и време на користење на сајтот (табела со над 500.000 записи), број на фотографии и блог постови (табела со над 10.000 записи) и уште некој параметар имаше и сите тие обработени со соодветен коефициент за на крај да се добие конечен рејтинг.
Совет ... стави си тајмери во кодот ... така ќе провериш каде имаш големо временско задоцнување ... нема теорија да е при комуникација со базата за +200 записи.
На такви мали количини поверојатно е успорувањето да ти се јавува при рендерирање на резултатите за нивен приказ а не при размената на информации со базата (кое време треба да биде изразено во милисекунди па и за покомплицирани кверија).