За Игор можам да кажам само дека одлично изгледаше на вести кога даваше изјава! Те личи.
А општо ... неможев повторно да дојдам, па решив цел ден да го поминам дома пред тв и да пратам и гледам што и како ќе се случува. Многу јасно дека наидов на разочарување. Пред митингот воопшто и да не беше нешто посебно кажано, а за време и после него имаше по 2-3 одвоени минути, пред самиот крај од вестите, колку да не помине без ич. Латас, племе негово гадно ме изиритира најмногу. Пред митингот ја спомна пак невладината организација Младите знаат со навредувачки тон и како да навестуваше повторно непријатни моменти кои веднаш ги препиша на опозицијата. И тоа говедо било за новинар и водител? Тешко нас, тешко нас!!!
Наместо да одвојат два часа за директен пренос на еден така прекрасно организиран собир, нашиве медиуми повеќе обожаваат да си оговараат за сосем десетти работи ... згрозена сум значи!
А за младите кои пак направија проблеми со што ги нахранија гладните усти на новинарите - срам да ви е уште еднаш! На вас е иднината на нашата држава, а вие така би оделе напред?
Неможе до израз да дојдат ретките исклучоци од такви хулигани ... срам да ви е, срам да ви е, срам да ви е!
Ако имате уште клипчиња ставете ги да ги видиме ние што не бевме, дека ете немаме како да видиме малку од атмосферата на плоштадот.
п.с. Срамота е и тоа дека само на Алсат ударна вест беше собирот и само таму видов снимки од плоштадот, подолги и со убаво снимени повеќето од испишаните пораки.