Браво, се направи најпаметен
честитам!
Би те замолил, ако даваш такви изјави да ги надополниш со факти.
Која е таа продукциска куќа што заработува милионски суми за филмов?
И немој да ги потценуваш луѓето кои не ги знаеш лично...
Поздрав.
Незнам како му го ископа цитатов од којзнае кога е ама браво, и ја да го видев ќе пишев. Патем, добредојде на форумот.
Хаха, се палкате како мали деца на официјално филмче направено од продукциска куќа која заработува милионски суми, па од така напалканите како вас уште 1 милијарда нема да и дојдат лошо, тиња документарец, типична спогодба на големците да ги здрмаат малце луѓето и да ги просветлат троа. Делот со религиите е наголемата глупост што сум ја слушнал па ако зборуваме за коинциденција ондак можам да најдам 1мил работи и да имаат сличност со 1мил други работи. тиња овералл ... :sekss: у здрав мозок, или да неречам перење мозок за напатените граѓани на нашата добра ни планета земја што веруваат у 300 глупости, па уште и издебилираниот американски народ ке им продава бајрам на академски Македонски умови.
Типична контрола врз народот преку масовните медиуми ... :buum:
Ај сеа признај дека делот со религиите те здоболе, а?
Во секој случај филмот е направен за да му ги подотвори очите на издебилизираниот народ. Не верувам дека многу го имале во предвид Македонскиот народ кога го правеле филмов :pos2:
Во филмот се зборува (и се критикува) контролата која медиумите ја имаат врз народот. Овие филмови се прават за да ги поттикнат луѓето на сопствено размислување, а не на слепо следење на некакви институции, било религиски, државни или пак на медиуми...
Се си сватил наопаку, затоа што не си ни сакал да сватиш.
И бидејќи ги спомна академските умови на кои не можело да им се продава ваква тиња: филмот масовно се прикажуваше низ цел свет во студенски центри, универзитети, кампуси, домови... по што следеше дискусија за издржаноста на она за што се зборува во него.
Академскиот ум се труди да ги анализира работите и да извлече заклучок, не ги отфрла веднаш затоа што се спротивни од она во што верува.
Zeitgeist е одличен документарец, еден од подобрите кои сум ги гледал. Зборува отворено за работи за кои повеќето не се спремни да слушнат или да дискутираат, посебно ги повредува верските чувства на оние кои се религиозни. Бидејќи ова е на самиот почеток од филмот, нормално е што тие го дочекуваат „на ѓон“.
Иначе и мене ме интересира од каде ти се податоците за милионите кои продуцентите на овој филм ги заработиле, посебно затоа што и двата дела веднаш беа ставени за бесплатно гледање на официјалната страна на филмот.