Новите предлози на Нимиц за името на Република Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување

Кој предлог на Нимиц (од прифатливите) би го прифатиле?

  • Демократска Република Македонија

    Гласови: 113 29,0%
  • Независна Република Македонија

    Гласови: 173 44,5%
  • Ниту еден (образложете зошто)

    Гласови: 103 26,5%

  • Вкупно гласачи
    389
Хе, хе, со Република Македонија (Скопје) ќе можеме и официјално да станеме Скопјани, прекрасно :wink:.
 
Прашувам да знам дали ќе го прифатат нашите тоа, наспроти Нова...

Заграда имплицира друго нешто, тире им дава шанса да прифатат и да ни го пикнат на мала врата.
 
Нимиц излезе со три старо-нови предлози

И покрај тоа што Нимиц официјално изјави дека нема нов предлог, А1 дознава дека медијаторот денеска излегол со три старо-нови предлози, кои досега во неколку наврати беа отфрлени од македонската страна.
Македонија да прифати да се нарекува „Горна“, „Нова“ или „Република Македонија - Скопје“ е барањето на медијаторот доставено до Василакис и Димитров во Виена.
Дипломатски извори за А1 потврдуваат дека сите три предлози имаат географска одредница. Според ОН, Македонија внатре би се нарекувала со своето уставно име, а во светот би го користела евентуалното ново име.
Грчката страна била против дури и за ваквиот предлог, барајќи и за внатрешна употреба Македонија да го промени името.
Медијаторот Нимиц ваквиот пресврт во преговорите за името, негативен за Македонија, го објаснува со опасноста за земјата во контекст на регионалните тензии и прашањето со Косово.
Според дипломатски извори, планот на Нимиц и на Американците е во наредните 15 денови до самитот на НАТО да се игра на карта, што е возможно и реално да се случи на самитот во Букурешт.
Проценките на Стејт Департментот се дека планот на САД за влез на целата Јадранска група е можен единствено доколку Македонија попушти и поради НАТО да го промени името.
Анализите на Вашингтон велат дека Атина не би прифатила ниту еден друг предлог, освен овие три: „Горна“, „Нова“ или „Република Македонија - Скопје“.
„Двете страни разгледаа неколку прашања. Не изнесов нови предлози. Сумирав до кај сме и какви можности имаме доколку сакаме да го решиме прашањето со името во разумно кратко време. Двете страни ќе ги известат своите влади и ќе зборуваат за овие идеи“, изјави Метју Нимиц, медијатор во спорот за името.
„Потоа ги поканувам двете страни да дојдат во Њујорк идната недела, ако мислиме дека можеме да напреднеме. Тоа е интензивен процес, тоа е голем чекор. Двете влади треба да ги анализираат своите ставови и да се согледа дали може да се сработи тоа. На 19 февруари јас ги дадов предлозите, ниедна страна вистински не ги прифати, но се зборуваше за елементи од предлогот“, додаде Нимиц.
Но, за да се направи баланс, покрај очигледно прогрчките предлози, Нимиц предлага во графите со кои во ОН се опишува националноста и јазикот да има прецизна формулација со користење на зборот македонски.
И покрај тоа што процесот што се води во ОН нема формална врска со НАТО, Нимиц очекува двете земји под итно да одговорат на денеска поставените предлози, затоа што според него, не останува многу време за решавање на спорот.
Одговарајќи на прашањето од известувачот на А1, Нимиц рече дека е поголем оптимист по два и полчасовниот состанок со Василакис и Димитров во канцеларијата на Марти Ахтисари во центарот на Виена.
И покрај оптимизмот, смета дека нерешавање на спорот носи многу ризици за двете земји.
Наредната средба околу името, доколку Македонија се согласи да разговара за ваквите предлози, би се случила во Њујорк наредната недела.
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=90842

Тоа што е во црвено е за да го демантирам Vlatko.

Македонец, македонски, ама со некаква си ебана формулација. Кај оставаат тие така да напишиш македонски јазик, македонци.
 
Се извинувам за претходниот пост. Сепак не го демантирам Влатко. Не видов дека информацијата е од Макфакс. Но очигледно макфакс заборавиле да го напишат најважниот дел - формулацијата на зборовите македонски, македонци...
 
Абе това "горна", "нова" и т.н. не оди много со името Македонија !
Барем да беше "вардарска" та да биде јасно на јавността за какво се зборува .... :toe:

А ти да си ја гледаш Бугарија може?Експерти од твој тип не ни требаат.Да не дојде Бугарија утре да биде наречена Балканска Татарстанска Република Болварија(БТРБ))..Кој за друг гроб копа, сам во него паѓа...:tapp:.
 
Абе това "горна", "нова" и т.н. не оди много со името Македонија !
Барем да беше "вардарска" та да биде јасно на јавността за какво се зборува .... :toe:
Ти со тоа горна се загрижи дека и Пиринска влегува во тој пакет:pos2:
Ај оди таму глеј си своја работа:drk:
 
Целата работа се заеба кога ја прифативме референцата ПЈР Македонија.Сега ќе си ја носиме се додека не најдеме зедничко решение за името.А тоа може да биде многу долго.:toe:
 
Neka go donese Dimitrov predlogot, neka konecno nasive izlezat i javno ko kazat, pa togas ke vidime si se odnesuva do nacionalnosta i jazikot, a za iminjata, ne komentiram, posto so niedno ne se slozuvam
 
во право е Јанко ова е рушење на нашата психа туку да си земиме историјата да си ја научиме батали нато батали еу.
 
Целата работа се заеба кога ја прифативме референцата ПЈР Македонија.Сега ќе си ја носиме се додека не најдеме зедничко решение за името.А тоа може да биде многу долго.:toe:

Moj ku** може да се откажаме одма сега се проблемот “добро соседските односи“ доволно членки не признавата од ОН за да влеземе под МАКЕДОНИЈА
 
едно име имаме и во душата го носиме.
еј па тоа Македонија.абе додека се чуствувам македонец не ми можат ништо ич 100% не ги е.(тит)
 
Добро бре, и вие ли почнавте да попуштате, што сте вие? Скопјани? Горномакедонци? или пак можеби сте новомакедонци? Како не ви е срам, нешто што одамна сме го одбиле како горна Македонија или пак Република Македонија Скопје, без разлика на загради или тире, сега да го прифатиме? Па поголеми кловнови на светов нема да има, сите ќе ни се смеат во лице, сите ќе не гледаат како петденарка за поткусурување, несериозна држава.
 
Значи залудно е што сме признати од еден куп земји под уставното име. Мислам дека и да не прифатиме некој од предлозиве ветото од Грција сепак нема да е толку извесно. Ќе ги стегнат Грците тогаш. Само сега да не попуштиме.
 
А како тоа гејлада си замислува дека ако смениме име под уцени, утре ќе бидеме сојузници и добри соседи, нешто ми се чини не е во ред...со логиката де....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom