Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Вчера кај Јанко некој прати порака “Јанко предлагам ние да го смениме името за да влеземе во ЕУ па после пак да си се вратиме на старото“![]()
И уште еднаш еве ви доказ дека одлуки кои се штетни нема да се донесат без согласност на народот.
Епа немаме среќа “државнику“! И, сега што? Се попаливте ко дегени по “Демократска Република Македониа“ без да размислите за стапиците кои ги носи. Не свативте дека е само пуштање вода од грчињата. Сега кога се во игра Нова, Северна, а гледајќи ве сите вас македончињава јас би предложил ЌИЛАВА РЕПУБЛИКА македонија (и тоа баш така да не пишува) шо праиме, М?
Кога проблемот нема да се реши навреме, со секој поминат ден добива на тежина. А ние влечеме проблем стар 16-17 години. Во оваа ситуација тешко е било која страна да направи отстапка затоа што ќе биде осудена во сопствената држава. Затоа никој нема г’з сам да донесе одлука.
Мислам дека владата и институциите најдобро се запознаени со целокупната ситуација и многу подобро знаат од Кире што киднал од Етуц и гордо фрлал со камења по грчката амбасада или од Ламбе од Австралија. Од друга страна иако сме мала држава со еден куп внатрешни проблеми, дури и кога се работи за државните интереси се мешаат во игра партиски шеми, собирање на поени и не знам што.
Кај што има сила, нема правдина. Македонија тоа најдобро го знае. Затоа можеби и има простор за некоја мала отстапка, нешто како ДР Македонија, ако тоа нас ни гарантира безбедност (сега со самостојно Косово, внатрешни проблеми и вакво опкружување дефинитивно ни е потребна) а тоа значи влез во НАТО + влез во ЕУ што е можно поскоро, укинување на визи (преговорите за целосно укинување почнуваат денеска) и што е можно повеќе странски инвестиции и раст во економијата (зборувам за нашата мизерна економија која и тоа како зависи од Грција и грчкиот капитал партиципира во неа).
За предлозите Нова, Стара, Горна, Долна, Северна или не знам каква сум против. И за ДР Македонија сум против во нормални услови, ама во сегашната ситуација, услови и моќ на државата и Македонскиот народ може да се разгледа како опција. На крајот постои и референдум како изјаснување на граѓаните (иако и крајниот резултат од ваквата форма горе-доле зависи од маркетингот и презентацијата пред граѓаните, односно на која страна овчарот ќе ги поведе овците).
Ај времето ќе покаже.