DDR - Deutsche Demokratische Republik за источна Германија ти зборам! една демократија која што ја имааше! ухх немааше ни кока кола додека беа под DDR покомунистичка земја дали имаше незнам!!! ако не ми веруваш побарај по интернет...
Лично искуство од колега кој како дете растел во DDR во Берлин. Татко му местел скрично под покривите антени, за да можат тајно да ги гледаат телевизиите од западна германија, бидејќи забрането било и јако казниво да се гледа телевизија од западна гермнаиј односно BRD (Bundes Republik Deutschland) кое име и е и сега официјално како уставно така и меѓународно.
Инаку гледа малку тука ко некои да ми се збунети. Шпекулацијата вели дека ние ќе си го задржиме нашето уставно име Република Македонија како за нас, така и за сите билатерални комуникации со земјите кои до сега не имаат признаено под нашето уставно име, додека како фиксно име за меѓународна комуникација би се користело Демократска Република Македонија, што мене ми мириса толку перманентно колку што и FYROM беше привремено за краток период. Бидејќи кога веќе скоро сите членки на ООН ќе не признаат под уставното, што би се случило за некои 5 годин по кои би требало да сме теоретски и во ЕУ и во НАТО, многу побезболно би било менувањето на името за меѓународна комуникација Од демократска Република Македонија во само Република Македонија.
Како и да е се ова се шпекулации, немора веднаш да рипате, моментално е доста интересен период, многу притисок, многу кризни фактори, и тоа не само на балканското буре барут туку и во светски рамки. Како и да е Опасноста е многу голема бурето пак да пукне. Па сега ќе видиме дали ќе се најде некој доволно моќен и вешт да го навлажни барутот, јас само сигурно знам кој тоа нема да биде, а тоа е ЕУ.
@Никсон, точно е дека името не е критериум, ама има еден друг проблем кој не кај нас, туку токму кај ЕУ и НАТО. Проблемот се вика Грција која е веќе екстремно националистичка држава и која ќе ги искористи сите средства за да си го одбрани тој нејзин национализам, а тоа значи дека грција е 100% спремна да стави вето на влез на македониа под име во кое фигурира името Македонија. А тоа само по себе значи дека иако проблемот со името не е услов сепак е пречка за влез. Ама тука се јавува еден уште поголем проблем, а тоа е дека со таквото спречување за влез и покрај исполнетите критериуми се јавува губење на кредибилитет на секоја од двата спомнати сојузи што директно и ведноаш доведува до внатрешна криза во тие сојузи. Таква криза САД не смеат сега во момнтов и ситуацијата со Косово да си дозволат што значи дека ќе мораат максимално да ја притиснат грција но и да покажат еден вид знак на „еве ние за сите имаме слух“ со додавката Демократска.
Во спортивното сценарио каде националистичка грција ни става вето на името, се јавува криза во НАТО и Русија победува во политичката битка за Косово. А ако излезе вооружена криза на балканот тоа не е битно бидејќи и онака со години нананзад сме биле колатерлана штета на политичките игри помеѓу москва и вашингтон.
Сега се надевам појасно ти е што и како е ситуацијата.