Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Франческо Петрарка

Франческо е најголемиот лиричар на предренесансата кој оставил трага во историјата на светската поезија поттикнувајки и благородни влијанија врз идните генерации поети, но и цели бранови епигони. Живеел материјално обезбеден имајки време за своето творештво. Тој е првиот вистински лиричар во европската литература , поет – индивидуалист свртен кон сопственото Јас во поезијата, исполнет со верба дека славата природно му припаѓа.
Јазик: како и данте пишувал на латински и мароден италијански.
Дела: на латински објавил 43 писма од кои 24 се пријателски, 17 старечки, а тука спаѓа и писмото До потомството, Ненасловени писма, Различни писма. На латински поетот го напишал епот „Африка“, а единствени дела на народен ј.се покусиотр еп „Триумф“ и „Канцоњерот“(тој содржи 366 песни, од кои 317 се сонети, 29 канцони, 9 сестини, 7 балади, 4 мадригали. Сите песни освен 24 припаѓаат во религиско-медитативно-политички, но сите ја разработуваат љубовта како главен мотив. Книгата глобално се дели на два дела: Првиот ја опева лаура жива, а вториот откако Лаура умира. . петрарка во своето дела опишува љубов кон конкретна личност, не бегајки од тоа да ја истакне и нејзината физичка привлечност.
Животот е убав тогаш кога во него царува уметноста, а таа е стебло со многу гранки, исполнети со убави чувства, силни и емотивни. Таа е брод што плови и на различни страни што не води. Со бродот на фантазијата се закотвив пред авињонстата црква, едно сончево априлско утро, каде поетот – трубадур, безгрижен и бодар го виде лицето на Лаура и беше непреболно ранет од стрелата на Амор:
„Млада жена под свежа лавра​
Видов, побела, поладна од снегот;​
Заљубив, секогаш в очи ќе ги носам​
кај и да бидам, на брег ил `кеј.“​
Гонет од љубовниот копнеж, поетот лута о улиците на градовите барајки го лицето на Лаура во лицата на другите. Цел трепери од љубов, ја замислува како божица, а во огнот на страта им се обраќа на бистрите реки во кои таа „незете убаво си ги капеше“, на гранките на дрвјата, на тревата и цвеќињата. Таа е ту најубавиот цвет, ту дива ѕверка „тој ад мој, јад мој“, ту благословена, ту проколната срна и сенка, жена по која се копнее и од која се плаче. Протиставеноста на емоциите, жестоките болки што ги предизвикува стрелата на Амор, која не убива, но цврсто оковува: „Во затвор сум, а отворен одзгора!“, заграден со можност да ѕирне во слободата, но без моќ да избега е всушност содржана во животот и смртта.
Животот на поетотр без Лаура, која веќе не е меѓу живите, е брод во бурна зимска ноќ на чие кормило седи зол демон. Чувството на осаменост и безнадежност го разорува неговиот дух:
„Мртвата вештина, мртвиот разум тоне​
Веќе ја губам надежта за спокоен пристан“.​
Во грчовите на копнежот, страдањето, самотијата и безнадежноста се авува старечка помиреност со смртта. Љубовта кон Лаура не ја губи силата, таа е љубов плотна, сетилна, страсна и незаситна, иако незаситена. Тој знае дека таа е во рајот, и таму, со силата на имагинацијата, ја среќава. Лаура е преполна со каење за „неправдите“ и болките што му ги нанела во земскиот живот: „Таа сум што ти ја направив душата тажна“. Затоа тој ја повикува смртта, со тоа и Лаура; смртта и Лаура ќе бидат едно, како што и спасот од страдањата и Лаура се исто така едно:
„Мило ми е доаѓањето твое, па дојди, Смрт!“​
Солза остави трага на моето лице, се вратив во реалноста, во зората на крилестите срца.
Во мене се уште тлееше копнежот на поетот по женската убавина, човечкиот, овоземскиот, како и солзите негови што се израз на вистинското страдање поради залудноста на тој копнеж. До смртта маѓепсан од убавинбата на жената „споредена со ружа или со ѕвезда“, сака се што е извор на таа љубов, и трајната непреболна љубов, и болната мисла и сите песни што ги испеал за слава на таа љубов и на убавината на Лаура.
 
Аман бе читајте што е работава!

Јас лично забранувам да се дава помош во врска со книги. Тачка.:baeh:
 
Ми треба помош. Ако може некој да ми даде анализа на Канционерот.

Крајно дебилна ми беше книгава, жими све. :icon_lol: Не ти ја анализирам, али ете, што се однесува на структурата, од два дела е составена, "Животот на г-ѓа Лаура" и "Смртта на г-ѓа Лаура". Народен Италијански, 300 сонети и 29 песни. Сонетот е составен од 4 строфи, 1 и 2 се катрени, 3 и 4 терцини. Мотив ти е душевната состојба на авторот, човекот сметал дека е анатемисан. Од останатото... "Јас" - формата е битна, лирскиот субјект, а од стилските изразни средства парадоксот. Тоа со живата смрт мислам дека у 3 да ме разбуди некој као Оче наш знам да го кажам. :icon_lol:

Во случај да ти е нечитана, г-ѓа Лаура е мажена, со куп деца, а тој ја сака. И друга причина поради која страда за нереализираната љубов, е тоа што самиот тој е свештеник. А во тоа време, жена за нив, цврц. Значи и на религијата и црквата како елемент треба да се обрне внимание, оти и Данте и го има како една од главните идеи во Божествената комедија (која ама ич не е комедија), додека Бокачо во тоа вицовите го возвишува спонтаното, човечкото и природното, а новелите му имаат антиклерикален карактер. Декамерон е ретко глупо дело, заебеш ти и хумористични и сатирични и шо и да се. :icon_lol:

Данте рулез, овие двајцава... :icon_lol:

Доста ти е, има уште, сам/а даље. :icon_lol:
 
Да дополнам, не се знае дали Лаура навистина постоела. :)
 
И на Пеколот анализа, на кој се` му требаше... :icon_lol:

Пошто е од наслов до последен стих алегорија, има два начина на толкување на симболите.

1. Буквално

-темна шума
-средина на Дантеовиот живот
-пантер
-волчица
-лав
-Вергилиј
-Беатриче

2. Алегорично

2.1. Општествено - историско

- темната шума - анархијата во Италија; судир во редовите на буржоазијата
- средината на животот на авторот -30 - 35 годишна возраст, кога бил протеран од Фиренца
- пантерот - Фиренца/прогонот
- лавот - Франција (увек идиовите пикаат нос кај шо не треба :icon_lol: )
- волчицата - папската курија
- Вергилиј - младата буржоазија
- Беатриче - совршеното општество

2.2. Морално - философско

- темната шума - гревовите и моралниот пад во човековиот живот
- средината на Дантеовиот живот - вид сумирање на животот
- пантерот - завист
- лавот - горделивост
- волчицата - среброљубие
- Вергилиј - разум/земска мудрост
- Беатриче - чистоЌа и морално совршенство; верба во Бога

И кучето фали, ама му заборавив името. Шо ќе и` скрши на волчицата кичмата. :icon_lol: Пријател на Данте, инаку.

Релиогиозна е темата, а идеја би било... Критика на општеството (као и мал милион дела што покасно ќе ги работите), и луѓето, конкретно свештениците кои ги прикажува како разобличени. Инаку е синтеза од лирика, епика и драма; епска поема.

Други мрзливи деца? :icon_lol: Периодов литературен го мразам, иначе Хамлет ко ќе стигните к шо ќе пишувам. :icon_lol:
 
А за Пушкин што ке кажете или поточно за Евгениј Онегин....
-------------------------
Вака сеа денес ни дадоа интересна тема за пишување - "Зошто" па да ве видам вие што ќе кажете на оваа тема.....оти ве глеам сите сте добри во пишувањето....
 
Состави

:) најпрво здраво.нов член во форумот. ми требат состави за “Судбината на човекот“ од шолохов. ако знај некој кај можи да ги најдам нека пиши. или пак некоја страна за состави. и немојте google.com ми треба точни страни.благодарам од напред.:)
 
не знам дали веќе некој има пишано на темава за Дон Кихот.. али ме мрзеше да барам.. Некој да ми даде анализа или кратки црти на делово..:icon_bigg:icon_bigg:icon_bigg
 
pomos

Mi trebaat pismeni za apsurdnosta vo delata Proces, i Stranecot ako ima nekoj da mi daj za koe bilo delo sostav bi mu bil mnogu blagodaren
FALA!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
ako ima nekoj pismeni za tomas man-smrtta vo venecija, zabirka raskazi-anton pavlovic cehov i zbirka raskazi - mihail alesandrovic sholohov neka pise fala.pozz:helou:
 
ПРОСТОР ЗА ПОМОШ ...

Еве една тема ја ќе отворам ... тука сите што ви треба помош за на работа за на училиште за презентација некаде ... за било што ... побарајте ја тука ... па затоа што сите сме ние пријателчиња може да си помогнеме :) .. може така ? :)

Ја ќе почнам прв пошо иам голем проблем ... ми треба за по ликовна уметност нешто за Св.Софија или Св.Пантелејмон ... или пак ако не можете ниедно од тие ... за Стоби или Хераклеја ... можеби ви изгледам ко некој очаен ... ама стварно ми треба ... ај па некад на вас коа ќе ви треба ја ќе ви помогнам ;)
 
  • http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D1%82%D0%BE%D0%B1%D0%B8
  • http://volanskopje.blog.com.mk/node/35434
  • http://istoricar.blogspot.com/2007/06/blog-post_18.html
  • http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/vrtour.php?macedoniatown_ID=15
 
Може мала помош ?
Ми треба воведен дел за есеј за " Злосторство и казна " Достоевски...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom