Помош! - ми треба одредено дело/проект...

  • Креатор на темата Креатор на темата mUv@ ThE DoGg
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво, скоро треба да почнам да работам на дипломската и одбрав теме "USB порти". Ииии ми треба малку помош со литература. Има многу книги ама ми треба некој да ме посочи кон најсоодветните.

Сакам да научам како USB порта фукционира, и да накуцам софтвер во C#, со кој би можел да контролирам некој уред поврзан на портата, или пак да активирам некое реле, кое понатаму би можело да активира поголем потрошувач, како на пример ламба...

Еден пријател од Англија ми кажа дека C#, бил многу барам таму и сакам воедно да го научам и него при изработување на дипломската. Ако некој има книга од типот "C++ in 21 days" за C#, би ценел ако ми ја даде. Во неа беа добро објаснети нештата, а англискиот не ми е проблем. И нешто за USB порти... Имам Visual Studio 2008.

Ве молам држете ги непродуктивните мислење на најниско можно ниво.

Однапред благодарам за помошта.

Поздрав, Миле

+++++++++++++++++++

Барав на нет претходно, не дека сум мрза ама некој да те упати е сосема друго одколку да луташ и да читаш шо треба и не треба. и не си фантазирам дека че го научам C# за 21 ден...
 
Ај ве молам нека ми каже некој каде можам да ја најдам книгава Правни речник са обрасцима правних аката од Б. Вукичевик? Англиско српски е.ПЛС............
 
ОД срце ве молам некој ако може да ми помогне во врска со песните Копачите,Т'га за ЈУГ или Сердарот.Поточно ми требаат критики за тие песни и нешто за авторот.ВЕ МОЛАМ бидјќи ми треба ИТНО за утре
Благодарам однапред:toe::nesum:
 
А мене ми треба состав на тема "Мојот неостварен сон за Египет" ... Ако имате идеи ве молам пишете, за писмена ми е. Oднапред благодарам.
П.С. За утре ми е :(
 
А мене ми треба состав на тема "Мојот неостварен сон за Египет" ... Ако имате идеи ве молам пишете, за писмена ми е. Oднапред благодарам.
П.С. За утре ми е :(

Добра тема... имаш различен професор од шаблонот, ми се допаѓа...

Сонце, опушти се... распламти ја имагинацијата. Темата ти дозволува да пишуваш ама буквално за што сакаш а никој да не ти замери. Секогаш велам насловот е само повод за пишување а не причина.

Сепак задржи го школскиот принцип увод, заплет, заклучок... па почни во стил... “Се викам Звезда што свети. Тоа е моето индијанско име. Во интервјуто за Си ен ен, изјавив дека покрај прпадноста на мојата матична Сиукска земја би се сложила и да бидам родена како дел од големото античко македонско семејство, а можеби и нешто подоцна од египетската лоза. Нефертити и Клеопатра сигурно би имале што да ме научат. Ме праша новинарот зошто токму тие две земји, па јас бев принудена да му ја раскажам љубовната приказна за момчето со египетско потекло а родум Охрид... (пример... снајди се понатаму)
 
Црно семе и Пиреј
за писмена работа по македонски јазик
ај нид хелп!
 
Eci^^^ напиша:
Ajде Викторгг само ти може да не поучиш. Се сплотувам со барањево.
Црно семе и Пиреј
за писмена работа по македонски јазик
ај нид хелп!

Ова е многу убава и актуелна тема. Пиреј и Црно семе се многу слични по својата содржина која моментално е мошне актуелна. Баталете ги книгите, прогуглајте само ако имате желба да ги спомнете во текот на пишувањето и да си ги импресионирате професорите. На пример... “... македонскиот народ од памтивек бил на тешки маки. Дури и во уметноста, херојството на античките се замени со страдањата на оние македонци опишани од Ташко Георгиевски и Петре Андреевски...“

Нема да пљампам ќе ви дадам линк до една тема која треба да ви каже за што всушност треба да пишувате... http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=21320
 
тнх веке се снајдов,направив убава комбинација од книга и нешо од нет.супер излезе,можам мирно да спијам:pipi:
 
Луѓе ке ми даде некој нешто во врска со РОМАНТИЗМОТ И АЛЕКСАНДАР ПУШКИН ( АЦО ПУШКАТА ) ?
 
Ми треба помош за народни македонски песни.Поезија која не е авторска туку стари,народни,македонски песни кои се со непознат автор.ИТНО!!!!
 
Ми требаат барем 3 наслови на такви песни.Сам ќе ги обработам ми требаат само насловите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom