Според мене, секој начин што е смислен убаво и направен со внимание, не може да биде ни необичен ни глупав.
Колку и да сакам некого, ако ме запроси на прост начин, на тотално неромантичен и несмислен начин (ме разбирате, така нешто да тресне глупаво, што ќе му текне во моментот, или многу обично), би можела да одбијам само поради тоа. Инаку чудните и необичните начини на запросување, за мене баш значат романтика и долго работење на тоа запросување. Досадно е на ист начин да се запросува, треба да се смисли свој посебен начин кој многу ќе и значи на невестата. Инаку Лејди, клечењето на колена не е воопшто глупаво ниту смешно, ти не би сакала да клекне твојот партнер кога ќе те запроси?
Секоја жена сака да се чувствува посебно и сакано. Порано имаше една емисија на А1 (не знам дали ја има уште), се викаше "Дали ќе се омажиш за мене?", или нешто слично. Многу ми се допаѓаа начините на кои мажите ги запросуваа своите девојки. Мене многу ми значи запросувањето и свадбата. Ако не е се како што треба, по обичајот (невестински фустан, венчавање во црква), подобро ич да не се мажам. Се мажиме еднаш во животот (има и исклучоци, ама...
)...
Начини многу знам, не можам сега да набројувам, со ова што го напишав мислам дека кажав се, можеби мојата идеја делува нескромно, но така јас размислувам, иако има време, може до тогаш ќе го сменам мислењето, којзнае.