Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ако си убава убави си...крај!не е фер убавото лице да го покрие кич.Како се потценва шармот и убавината?
Со то шо сакаме убо да изгледаме?!
Ја лани имав прилично убоо искуство во Битола. Бевме со другарка ми на Пелистер, преспавме кај тетка и на село, и вечерта ќе искачаме во Битола.. Облечени во фармерки, патичиња и џемперчиња, ја преживеавме некако модната ревија на Широк Сокак, и влеговме во некој кафиќ кој изгледаше убаво и звучеше сосема пристојно. Се сместивме у ќош и се подзатскривме малце оти бевме засрамени од шминката и длабоките деколтеа (ја иако женско не можев а да не буљам по цицки наоколу, не сум видела толкав број на истурени цицки во исто време). И тогаш дое келнерот, еден симпатичен дечко и уште пред да отвориме уста за да порачуваме ни вика: “Да погодам, вие сте од Скопје“
Да не должам, цела вечер бевме центар на внимание на сите момци наоколу, иако во споредба со останатите девојки личевме на сиви глувциДури и со кола не вратија до селото наше .. WOW, what an ego boost!
Изгледа точно било тоа шо ми го збореше еден колега, Битолчанец: “Од кал да е, од Скопје да е“. Зошто бе вака?!
Прво, едно да се знае... Никогаш не сум била во Битола, освен на екскурзии да се прошетаме по тоа, сокакот! МОе видување не можам да кажам пошо Битола не е само Широк Сокак ваљда, или е?
Значи, другар од битола, зачнат, надоен, пораснат у БТ( се знае он кој е на форумов ) ми кажуваше како функционираат битолчанките, а за битолчани
значи вака: Девојките ПУФЛИ биле тешки, шмизлички кои нон стоп се упицани ко за на Бугарски фестивал ( планета турнето на пр)
И сеа ако си намириса оваа “некоја пуфла“ некој битолчанец процедурата идела вака:
прво се распрашуваат кој е , каков е, кое презиме, колку девојки имал, со која друга шмизличка одел, колку корпи примал.. итд.. итд све податоци за историја
и значи, Ќ“пуфлата“ праќа некоја другарка да се договори работа, па се запознаваат само, само запознавање!
е после тој ќе и дрнка на телефонот едно месец дена да идат на кафе, ама оваа као зафатена ќе биде па ова па она, “наводно тест за трпение на дечкото е ваљда“.. и на крај ќе иде на кафе со него... и дури тогаш ќе дознае градот дека има дечко она!
значи татини мази, ги интересира шо има најново по “елитните“ бутици итн...
е сеа... од битолчани знам само 2 браќа и супер се овака, мн фини... а од женски не позавам ни една! ( мислам барем ), а од овде на форумот Само ~тамарче~ ја знам како битолчанка и не ми личи на “шмизличка“ туку онака кул и реална колку шо можев да проценам....
значи ова е од кажување на битлочанец! не е мое мислење, јас мое мислење ќе си створам коа ќе ги видам .. на слепо не бивет![]()
Ааа извинете убавици. Мислам Хелоуууу вие и недотерани сте најубај, тука нема сомневање.
Дај молим те, не вреѓај, секој има на некој начин своја убавина, без разлика од кај е.
Финтата е то шо, сите мажи така зборат, оти Битолчанките не се залетват одма, туку сакат да проверат. Имат можност, мала е Битолата и одма се дознава кој на кој е и каков е.
А не дека сме многу големи пуфлишта или шо знам шо..
А за то со елитните бутици..
Дај молим те..Колку „елитни“ бутици во Бт имаме?
4..5..Ни толку..
Нормално, сите сакаме да бидиме дотерани, и да бидиме во текот со модата. Тука нема ништо лошо. :wink:
Незнам зошто Тамара се тепа цело време нту некој ја спомна неа дирекно или индирекно. Муабетот е за тие кој што цел им е во живото да се облечат да се пуфкат низ корзо да пијат кафе и то им е цел во животот.
Финтата е то шо во некој пост твој, ти рече дека сите чупиња од Битолата се такви..Не скокам за џабе.
И да, си го бранам градот, си ги бранам сограѓанките. Не те сфаќам воопшто шо нон стоп ја напаѓаш Битола.
Твое право.