Слаб карактер

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
:helou: Лесно даваме дефиниција на слаб карактер. Ајде да погледнеме од друг агол.Да се обидеме да разбереме дека секој вреди толку колку што вреди она кон што тежнее.:smir: :smir: :smir:
Се слагам. И прелесно некако одредуваме и класифицираме нешта, а се оставаме себе на страна, како недопрени од конкретната "негативност". Ова го имам забележано во повеќе теми. Премала самокритичност, а преголема критичност кон другите.
Гласноговорништвото не те прави задолжително човек со јак карактер, нити молчењето (или не бранењето на своите ставови) те прави задолжително човек со слаб карактер. Јас дури и не верувам во луге со слаб карактер. Верувам во пубертет, верувам во ослабен карактер, ама во слаб- не. Карактерот како и се друго во животот се обликува, се гради се менува се редефинира... Затоа не постои конечна категорија слаб или јак карактер. Повеќе би се задоволила со термините послаб или појак карактер.
Се слагам со горенаведеното, со тоа што би додала дека моментот на слаб(или поточно, ослабен) карактер го гледам како период во животот кога личноста оди против сопствените норми и начела, а и против оние на општиот морал и етика. Но, истото во никој случај не е перманентна состојба, туку променлива категорија. За разлика од шпанските серии и бајките, во реалниот живот не постојат апсолутно "црни" и "бели" личности, па така нема ни луѓе со слаб или јак карактер(односно, нема луѓе кои тоа го носат како траен печат, како што е бојата на очи, на пример)
 
Cool

Untouchable
Член од
21 февруари 2006
Мислења
467
Поени од реакции
9
Слаб карактер! Зарем никогаш не сте се почувствувале како личност со слаб карактер во одредени моменти? Секој еден се почувствувал барем еднаш во животот така. Не можам да го окарактеризирам генерално бидејќи колку и да си јак животот те прави кршлив со што во очите на другите делуваш како личност со слаб карактер. Нема да осудувам и не сакам бидејќи и јас сум се почувствувала како личност со слаб карактер во одредени моменти од животот. Така да би го окарактеризирала како релативна појава. Не постои личност со слаб карактер бидејќи е моментална состојба на умот.
 
E_L_E_N_A

Битола,мој роден крај
Член од
27 декември 2007
Мислења
479
Поени од реакции
16
Мислам дека сепак не е само состојба,сепак има луѓе со послаб и луѓе со појак карактер,луѓе кои нема шанси да отстапат од своето мислење дури и кога не се во право,и луѓе кои попуштаат и кога се во право.И мислам дека карактерот игра улога и дека и покрај тоа што,човек со послаб карактер може со текот на времето да научи повеќе да се бори за своите ставови,ама сепак карактерот се формира во детсвото и раната младост и останува за цел живот.Макар да се сложувам дека нема строга поделба на јак и слаб карактер,ама на појак и послаб,да.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.694
Поени од реакции
13.332
Слаб карактер... Хммм тоа го имаат тие кои и покрај толку видени нешта немаат изградено свое мислење. Луѓе најчесто ставени во позиција да ги менуваат работите по свој терк (бидејќи го имаат прошарано светот) а не знаат да си го избришат газот (со извинување) и најчесто го замолуваат нивниот најголем (не)пријател да го стори тоа.
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Што подразбирате под она - личност со слаб карактер? Што е за вас слаб карактер уствари? Што мислите за таквите луѓе?
Персони не способни да одлучуваат за својот живот, подложни на надворешни манипулации и лесни за контролирање~слаб карактер.
Не мислам ништо лошо, едноставно треба да им се даде можност да си го до/изградат карактерот и да пронајдат некој кој што ќе им пружи заштита и ќе им ја подигне самодовербата без притоа да ги направи зависни.

Сите ние сме понекогаш слаби, но со текот на времето, учиме да бидеме силни и да се бориме со животот, на некои луѓе им треба повеќе време за тоа да го направат, тоа е се.

Не можам да осудам некој зошто е слаб, можам само да ги презирам луѓето кои што тоа ќе го искористат.
 
Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Слаб карактер! Зарем никогаш не сте се почувствувале како личност со слаб карактер во одредени моменти? Секој еден се почувствувал барем еднаш во животот така. Не можам да го окарактеризирам генерално бидејќи колку и да си јак животот те прави кршлив со што во очите на другите делуваш како личност со слаб карактер. Нема да осудувам и не сакам бидејќи и јас сум се почувствувала како личност со слаб карактер во одредени моменти од животот. Така да би го окарактеризирала како релативна појава. Не постои личност со слаб карактер бидејќи е моментална состојба на умот.
Да,секој некогаш се почувствувал така,но сепак има личности кои најчесто се однесуваат како што ќе им каже другиот.Ако нејкој им рече магарето лета и тие одма да лета.Е најмногу мразам вакви луѓе.Ме нервира некој кога нема свој став.Или пак и да има не го кажува туку си ќути или подлегнува под влијание на другите.Мразам кога на некој му е страв да си го кажи своето мислење или кога ќе речи ај да не се карам,ај нема врска и кога лесно можи да биди убеден од другите.Никој не е секогаш во право,секој некогаш греши,некогаш не сме во право па после треба да признаеме во ред згрешив,да си го промениме мислењето,да не се инаетиме ама не некои луѓе тоа им се случува често,често го менуваат своето мислење.Или имаат свој став и кога ќе дојди време да кажат што мислат ќе заќутат и му е страв да зборнат.Или трето се однесуваат како што дува ветрот.Е таквите уште повеќе ме нервираат.Зависи со кој се дружат така се понашаат,па секој втор ден го менуваат мислењето.И еднаш се дружат со едни луѓе па имаат едно мислење,следен период се дружат со други па одма спротивно мислење.Уфф се изнервирав,многу ми ја погодивте темата,можам со саати да зборам на ова:) ама готово прекинвам тука:)
 
Сите да бевме избувливи, спремни за карање, топлокрвни, решени да не попуштиме и да ги браниме своите ставови до крај, мислиш ли дека општеството на човекот ќе постоеше денес?
 
Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Сите да бевме избувливи, спремни за карање, топлокрвни, решени да не попуштиме и да ги браниме своите ставови до крај, мислиш ли дека општеството на човекот ќе постоеше денес?
Па не е муабетот да сме избувливи,секогаш спремни за карање и да не попуштаме.Нормално дека ако сме сите такви ќе биди хаос.Туку има луѓе шо многу често потпаѓаат под влијание на други луѓе,го прифаќаат многу често другото мислење,а не треба да биди така.Треба да имаат храброст и да си го кажат своето мислење.Зошто ако еднаш те научат дека си таков,дека лесно менуваш мислење после ќе те искористуваат.
 
Во преходниот пост се изјасни дека тие луѓе те нервираат, а сега велиш дека се жртви.
Одлучи се.:smir:
 
Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Во преходниот пост се изјасни дека тие луѓе те нервираат, а сега велиш дека се жртви.
Одлучи се.:smir:
Па тие две работи не се исклучуват една со друга.Си стојам и зад двете работи шо ги кажав.На некој начин се жртви,ама се сами криви за то.И за тоа ме нервираат,оти не знат да си се изборат за она што го мислат и чувствуваат.
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Човек без свои принципи, без свој став за животот, човек кој не знае да се спротивстави на другите, лесно подпаѓа под влијание, не е сигурен во себе, нема самодоверба, човек на кој не можеш да рачунаш...
 
С

Сатори

Гостин
~*~

Па тие две работи не се исклучуват една со друга.Си стојам и зад двете работи шо ги кажав.На некој начин се жртви,ама се сами криви за то.И за тоа ме нервираат,оти не знат да си се изборат за она што го мислат и чувствуваат.
Сепак не е добро наклонетоста да ја претвараш во лутина, тоа те прави тебе лично со несигурни емоции и лизгави принципи и притоа во една ситуација се однесуваш вака, а во една така.
 
Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Сепак не е добро наклонетоста да ја претвараш во лутина, тоа те прави тебе лично со несигурни емоции и лизгави принципи и притоа во една ситуација се однесуваш вака, а во една така.
Не ја претварам во лутина.Секој со своите постапки.нема да бидам јас повредена,ќе бидат повредени оние кои попуштаат.И баш напротив..не сум ни со несигурни емоции ни со лизгави принципи.И никогаш не се однесувам еднаш вака еднаш така.Секогаш си стојам зад она што го мислам и зад она што го кажувам.
 
Член од
16 март 2008
Мислења
124
Поени од реакции
7
Spored mene postojat Superiorni i inferiorni ludje.Superiornite se onie koi imaat hrabrost i razmisluvaat i go pravat toa,a inferiornite se onie koi nemaat hrabrost i smelost ,no sepak razmisluvaat.
 
Член од
6 ноември 2008
Мислења
11
Поени од реакции
1
Тоа е човек без сопствено јас, човек кој лесно ги менува своите ставови,човек кој може лесно да биде изманипулиран..........
 
Kajgana Shop

На врв Bottom