кога бев 13-14 години бевме едно 10-тина другарки и многу си се сакавме,се бест френдови дрн дрн дрн.....
абе не ми е јасно како може да кажете дека имате 6 или колку беа најверни другарки и другари и ово оно,денес еден бест френд да имаш ти си на коњот .....
од такви бест френдови не сум знаела на каде да фатам,до ден денес не ми е јасно како може толку злобни луге да има,не сум барала никој да ми се оддолжи за услугите ама неколку такви "бест френдови"
ми имат направено такви проблеми од кои до ден денес имам последици и не зборам за заебанции,од такви луге кои се секој ден со тебе како ли само квалитетно можеш да се зае*еш во животот и никогаш нема да ти е јасно зошто ,со што си заслужил али со тек на времето се навикнуваш оти уште многу такви другари ке дојдат и ке си одат.
Едноставно има некои работи кои не треба никогаш да бидат кажани а ти колку сакај мисли си дали некој ти е бест френд или не!
Оти колку може да те кошта таа доверба отпосле ке дознаеш.
И не дека сум јас изрод,него чисто од искуство си зборувам,инаку последниве две години сум со ептен погодено друшто никој не те влече за јазик да му кажеш некоја тајна,не те масира дали некој трач што го слушнал за тебе е точно или не ,е сега си има некој заслужено и да добие чин бест френд.Е само за таа личност би направила се,(ја знам од мојата 7-ма година ама последниве 5-6 години ептен го докажа другарството),бидејки низ сите проблеми,емотивни кризи и ред други работи доволно беше само нејзиното рамо за плачење,нејзините утешни зборови и совети ,а без тоа тапкање по рамото во знак на сочуство а зад грб веќе гроб ти ископал(како ли само можеа).....
И сепак постојат некои работи што никогаш не треба да бидат кажани ...