The Mummy
The world is not enough
- Член од
- 3 мај 2006
- Мислења
- 5.415
- Поени од реакции
- 181
- Возраст
- 36
Прееска слушнав на вести дека родителите на ученичка во основното училиште Љубен Лапе во Аеродром се жалат дека наставникот по ОТП физички ја нападнал нивната ќерка. Наводно наставникот ја удрил ученичката со главата од маса по што другите ученици реагирале и го нападнале него. Родителите бараат наставникот веднаш да биде отпуштен. Директорката на училиштето изјави дека не може да превземе ништо се додека не ја слушне неговата верзија и дополни дека наставникот и пред тоа се жалел од дисциплината на учениците кои постојано го провоцирале, му ставале лепак на столчето и слично.
Јас завршив таму основно и иако не ми предаваше мене типот е стварно забеган и плус е пијаница, а имало и други слични конфликти со него иако не до овој степен.
Мислите дека вината е целосно кај него или и денес младите се повеќе и повеќе си даваат слобода на часовите и немаат никаков почит кон наставниците?