- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Божјиот Збор и разумот го велат ова:
1. Нема никакви историски докази дека Јосиф имал друга жена пред Марија.
2. Во изворниот старогрчки јазик на кој е напишан Новиот Завет, во наведените стихови за зборот "браќа" се користи зборот "αδελφός" (adelphos), кој пак води корени од грчкиот збор "δελφυς" (delphus) што значи "утроба", а во контекстов "од иста утроба". Од тука недвосмислено следи дека Јаков, Јосиф, Симон и Јуда биле браќа на Исус од истата утроба на Марија.
3. Интересен е библискиот стих:
"И (Јосиф) не се доближи (сексуален однос) до неа (Марија), додека таа не Го роди својот првороден Син и Го нарече Исус." (Матеј 1:25)
Две работи се интересни тука.
Прво, стихот јасно вели "додека". Доколку Јосиф и Марија никогаш немале односи, тогаш или немаше да го има ова "додека", или пак на негово место ќе стоеше зборот "никогаш". Но не е така, стихот јасно вели дека Јосиф и Марија немале односи ДОДЕКА таа не Го родила Исус, а потоа се разбира си имале (доказ за тоа се браќата и сестрите на Исус
)
Друга работа, што веќе беше дискутирана, е тоа дека Исус тука е наречен Првороден. Доколку Јосиф и Марија немале други деца Тој ќе беше наречен ЕДИНСТВЕН, но бидејќи имале, затоа е наречен Првороден.
4. Многу православни (како и MIKI1) сакаат да си ја бранат својата црковна догма велејќи дека терминот "браќа" се однесува на учениците на Христос. Но Светото Писмо тоа не го дозволува бидејќи во многу стихови браќата на Исус и Неговите ученици се јасно раздвоени, како на пример следниов стих:
"Потоа слезе во Капернаум, Тој и мајка Му, и Неговите браќа, и Неговите ученици, и останаа таму неколку дена. "
(Јован 2:12)
5. Нема никаква теолошка причина да ја правиме Марија вечна девица. Таа својата божествена мисија си ја завршила со тоа што таа девствено го родила Христос. Нема никакви причини да се барало од Марија таа и понатаму да остане девица. Таа е Божја слугинка, а Божјиот фокус бил во Христос, кој пак бил надвор од утробата на Марија.
A православните го велат ова:
Тоа е рационален заклучок а не Светоотечко толкување на Евангелијата.
Се поставува прашањето:
Кому да веруваме, на некои старци од подоцнежните векови, или на Божјиот Збор и на очевидците (апостолите) ?