Првата временска машина!

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Теоретски е невозможно да се измени минатото (нешто што се случило се случило), може само да се набљудува (секојдневно гледаме во минатото, ѕвездите, сонцето... на пример).

А ако тргнеме од вашата теорија, ондак јас ако се вратам во минатото јас во кое време ќе сум? Ја живеам сегашноста во минатото, не ви е малце нелогично? Каде ќе се наоѓам во реалното време, неможе мојата материја да исчезне туку така. Што ќе се случи ако цела свет се пренесе во минатото? Ќе има на земајва 12 милијарди луѓе? И ако тие заедно патуваат во ново минато? Ондак бројката експоненционално ќе расте до недоглед?

Што ќе се случи ако пренесам пари? Ќе сум двојно побогат...и кога ќе дојдам до точката кога сум се вратил назад? Ќе се вртам во круг...форбс ондак нека ми обезбеди насловна страна за најбогат на свет
 
По се изгледа не постои барем засега временска машина.
А изгледа нема ни да постои.
Освен ако најдат начин да патуваат низ времето без да дејствуваат.
 
Постои временска машина , пред некој ден гледав на Discovery Science. Искрено не сфатив многу користеа стручни термини. Но не е до тој степен развиена да "враќа" или "праќа" животни или луѓе низ времето и просторот. А теоретски е возможно да се патува во иднината доколку се постигне брзина повеќе од светлосната брзина . А да се вратиш во минатото хм , како што сфатив има врска со Black Hole , всушност ти не патуваш таму времето застанува или се успорува па така ти се враќаш на земјата во минатото. Доста интересна емисија беше Sci-trek се вика.
 
Да направиме една битна разлика, кога патуваш со поголема брзина времето тече побавно во однос на тие што патуваат побавно, но тоа не значи дека тие што патувале побрзо, дека патувале и низ времето!!!
Патувањето низ времето.....најпросто објаснето, е нешто како телепортирање, но не во просторот, туку во времето...значи во еден момент се наоѓаш во 2010, вклучуваш временска машина, и веќе следниот момент си во 1903...
 
Мислиш кога патуваме побрзо времето тече побрзо ? Кога патуваме побрзо одиме во иднината нели не во сегашноста.
 
Кога патуваме побрзо времето тече побавно во однос на тие што мируваат.
Ваков експеримент е направен, со два синхронизирани атомски часовници, едниот поставен да мирува, а другиот поставен во авион. Кога се вратил авионот, часовникот покажувал време што заостанува зад часовникот што мирувал.
 
Аха ок , а доколку сакаме во минатото да се вратиме ? Накратко во кратки црти ?
 
Нема такво нешто, ниту пак можи да има. Причина: Доколку "постои" тој живот односно минатото, тогаш постои и иднина. Ако постои иднина досега некој ќе се имаше вратено во минатото т.е. во нашата сегашност.
 
Не ми се верува дека некои од вас уствари мислат дека вакво нешто може да постои :tapp:
 
Да постоеше до сеа немаше ли да видеме патници од иднината .. ?

:toe:
 
Па уствари тоа се има десено пред едно 2-3 години во Колорадо, во едно мало гратче Саут Парк... Почнаа да доаѓаат луѓе од иднината да бараат работа во денешницата пошто во иднината неможело да се најде...
 
Не ми се верува дека некои од вас уствари мислат дека вакво нешто може да постои :tapp:

Па уствари тоа се има десено пред едно 2-3 години во Колорадо, во едно мало гратче Саут Парк... Почнаа да доаѓаат луѓе од иднината да бараат работа во денешницата пошто во иднината неможело да се најде...
Промена на ставови?
 
За мене ова е практично невозможно (дури и теоретски). Ако постои патување во минатото, дали тоа значи оживување на просторот и луѓето пред, да речеме 1000 години? По што ќе знаеме дека сме "отпатувале" во минатото, по кој сигнал?
Ако човекот еден ден измисли временска машина (што не верувам дека ќе биде), тој ќе стане Бог, во секоја смисла на зборот.
 
A da sum slusnal za gradot,a imalo i slucaj koga dosle vonzemjani i vrsele eksperimenti vrz edno dete Cartman mislam se vikase deteto i demek mu ostaile nekoja naprava vo gazot ama ne veruvam u vakvi raboti.
 
Аха ок , а доколку сакаме во минатото да се вратиме ? Накратко во кратки црти ?
Доколку сакаме да се вратиме во минатото, прво ќе треба да измислиме машина која ќе не телепортира низ просторот, а потоа машина која ќе не "телепортира" низ времето. :)

Нема такво нешто, ниту пак можи да има. Причина: Доколку "постои" тој живот односно минатото, тогаш постои и иднина. Ако постои иднина досега некој ќе се имаше вратено во минатото т.е. во нашата сегашност.

Хаха, многу точно. Но да не заборавиме дека нашите наследници (а можеби и ние) не се толку глупави, и сигурно ќе измислат правила и закони за користење на временска машина (доколку направат). Така да, тие од иднината можеби се само набљудувачи на нивното минато од кое минато можеби е и нашата иднина. :) Па којзнае, можеби НЛОата и не се вонземјани?!?! :)

Од друга страна ние не можеме да знаеме дали некој се вратил во нашата сегашност.

За мене ова е практично невозможно (дури и теоретски). Ако постои патување во минатото, дали тоа значи оживување на просторот и луѓето пред, да речеме 1000 години? По што ќе знаеме дека сме "отпатувале" во минатото, по кој сигнал?
Ако човекот еден ден измисли временска машина (што не верувам дека ќе биде), тој ќе стане Бог, во секоја смисла на зборот.

Точно, но дејствијата што можеби ќе ги направи во минатото, подоцна ќе го спречи да ја измисли временската машина. (нели, теоријата што ако се вратиш во минатото и го убиеш дедо ти? )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom