ВМРО станува господар во судството

Член од
9 март 2007
Мислења
323
Поени од реакции
21
За цело МК:
46-те нови судии во основните и апелационите судови положија заклетва за чесно и непристрасно делење на правдата. Уште од самиот почеток изборот беше проследен со реакции и критики за политички и роднински релации на кандидатите со актуелни функционери. Како примери се посочени Маја Маркова - Котевска, сопруга на портпаролот на МВР Иво Котевски и ќерка на Љубинка Муратовска - Маркова, поранешна судијка во Врховниот суд - актуелен член на Антикорупциската Комисија. Владимир Туфегиќ - брат на Јавната обвинителка Мирјана Василевска Туфегиќ. Олгица Павлова, братучетката на сопругата на министерот Маневски, Филемена Маневска. Богоја Стрезоски - адвокат кој имал канцеларија со пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ, Анита Кипаризоска.

Маневски, по свечената заклетва, се обиде да објасни дека сите избрани судии биле компетентни, непартиски и изгласани со консензус:

– Судиите се избрани со 75 отсто од гласовите на членовите на Судскиот Совет, тоа е повеќе од двотретинско мнозинство што е факт дека беше постигнат консензус во Судскиот Совет.

Реакциите против изборот на судиите не стивнуваат тука. Во Канал 5 пристигна допис од група граѓани кои непосредно пред изборот на судии, го предупредиле судскиот совет за кандидатите од Виница, Љупчо Прокопенко и Даниела Тилевска дека се членови на владејачката партија и дека Прокопенко на неколкупати се соочил и со полициски пријави. По тензичниот избор на поголемиот број судии, на Судскиот совет му останува да избере уште 10 нови судии. Спорно е и претседателствувањето со советот од Бекир Исени. Советот надвор од законот му го продолжи мандатот на уште една година иако Исени исполни години на старост и од јануари годинава требаше да замине во пензија.

Од 46 нови судии дури 45 се блиски роднини на личности кои имаат високи позиции и се поставени од ДПМНЕ истите на некој начин биле и членови на ДПМНЕ
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.586
До сега не пишав на темава...некако дебилна ми е.. да прашам од кога СДС станаа светци бе??
 

Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Абе ја читам темава и незнам шо да пишам.Едни се колнат у Вмро на други СДСМ им е религија а ретко кој излегува со факти да ги брани своите ставови. Или имате некој ептен голем ќар од нив или сте будали.
А тешко дека сте имале ЛЕГАЛЕН ЌАР од нив. Не ми е поентата да ве направам будали , него да ви кажам дека не е злато се што сјае, и не е вистина се што пишува во весници(коишто и самите се партиски обоени). Кога ќе видам како некој на форум гине за партијата ми се крева притисок. Па едно прашање за сите верни партиски војничиња-Што имате добиено толку од партијата којашто ја браните ,што има толку многу направено за државава???? Чисто ме интересира????
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
И што? Демек само кај овие треба да имаш врска за да станеш судија?
Смешки во боја!
Само политички маркетинг и стварање нервоза кај граѓаните!
И во нивно време нивни луѓе стануваа судии, а денешнава власт какаше, па никому ништо. Така било и така ќе биде!
И немој да мислите дека во „западните демократии“ не е така.
А, да...оние кои не се блиски до овие или оние не се судии.
Таквите, или се адвокати или не работат во судството.
Абе ја читам темава и незнам шо да пишам.Едни се колнат у Вмро на други СДСМ им е религија а ретко кој излегува со факти да ги брани своите ставови. Или имате некој ептен голем ќар од нив или сте будали.
А тешко дека сте имале ЛЕГАЛЕН ЌАР од нив. Не ми е поентата да ве направам будали , него да ви кажам дека не е злато се што сјае, и не е вистина се што пишува во весници(коишто и самите се партиски обоени). Кога ќе видам како некој на форум гине за партијата ми се крева притисок. Па едно прашање за сите верни партиски војничиња-Што имате добиено толку од партијата којашто ја браните ,што има толку многу направено за државава???? Чисто ме интересира????
Ова горе од мене пишувано е одговор на дел од твојот пост, како сублимат на моето правосудно искуство од скоро 9 години, што стажирање, што работа кај адвокати, што кај извршители...
А за партиите, кој што ќар има од кого, нека си кажат оние кои упорно ги бранат.

ДА, точно така, погоре има објасното со имиња и презимиња
46 судии се капка во правосудното море.
Само ОС Струмица има 26 судии.
Каде се другите 25 суда? 4 апелации? Врховен, Уставен? Новиот Управен?
Не брани ветерници.
Читни ми го погорниот пост.
Тоа е реалноста. Мисли со сопствената глава.
 

theprince

Fan of Irony
Член од
3 февруари 2008
Мислења
1.256
Поени од реакции
155
sudstvoto e partizirano do maksimum i nikoj ne moze da me ubedi vo sprotivnoto no mislevme deka VMRO ke igra poinaku i ke stava barem partiski luge a ne i rodnini
 
Член од
9 март 2007
Мислења
323
Поени од реакции
21
абе ич не требит партиски луѓе да се ставаат, зошто не пробаат малку со независни луѓе
 
Член од
18 јануари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
7
Нашол кој да збори, работава е симни се мурто да се качи курто.

Како не ви е срам бе бедни души гробарски да зборите за судството , па на Рошле октоподот, најголемиот дел од пипците му беа во судството , е сега Грујо сече па боли .Нека се најдат арслани да го стават пред суд , па макар и биле клонови на Груевски , само нема толку хартија во Македонија што ке ги собере сите обвиненија негови.
Во потполност се слижувам со тебе за Рошле и судството и неговиот октопод,само работата не е само таму.Работата е во ОБВИНИТЕЛСТВОТО,што мислиш зошто СДС толку жолчно се бореше да си ги зачува нивните обвинители,за да може Рошко мирно да спие.Истите тие обвинители кои сами си ги донесоа на власт,во периодот од 94 до 98,сега им изгласаа да имаат неограничен мандат.Затоа му се лутам на Груевски што неуспеа да ги избрка од таму.Со Стерјо Зиков и Коле Штериев во обвинителството рошко може да спие џоа бебенце.:zlo:то останува во Македонија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom