- Член од
- 25 септември 2007
- Мислења
- 1.436
- Поени од реакции
- 45
Владејачките партии извршиле брутална партизација на судството со последниот избор на судии. Со вакво обвинувања излезе денеска СДСМ – според опозиционата партија во изборот извисиле судии со 12 или 15 години стаж , а биле вработени партиски послушници.
СДСМ ги објави имињата на дел од штотуку избраните судии кои се во тесни роднински и партиски врски со функционери од владејачката структура.
- Маја Маркова Котевска е сопруга на сопруга на портпаролот на МВР Иво Котевски и ќерка на Љубинка Муратовска Маркова, пензиониран судија на Врховниот суд и актуелен член на Антикорупциската комисија. Владимир Тупинчиќ, брат на јавната обвинителка Мирјана Василевска Тупинчиќ. Михајло Маневски за судија во основниот суд во Штип ја промовирал Олгица Павлова, прва братучетка на неговата сопруга. Адвокатите Ефтим Попевски, поранешен директор на Охридскиот затвор во период од 1998 до 2002 година и Богоја Стрезовски, кој ја делел адвокатската канцеларија со Анита Кипаризовска Крстевска пред таа да стане пратеник на ВМРО ДПМНЕ - вели Емилијан Станковиќ, портпарол на СДСМ.
Партизацијата во судството според СДСМ ја започнал министерот Маневски кога новоформираниот управен суд го наполнил со партиски луѓе. Сите овие податоци СДСМ нема да ги достави до антикорупциската комисија затоа што тајно го продолжила мандатот на Мирјана Димовска , која според СДСМ е продолжена рака на фамилијата инсталирана во ВМРО ДПМНЕ. На пресот на СДСМ , реагираа од ВМРО ДПМНЕ – во писменото соопштение стои
,„Начинот на размислување и делување на СДСМ не е ист со оној на ВМРО ДПМНЕ – фактот што СДСМ во минатото го партизираше судството со стотици примери, тоа не значи дека и ВМРО го прави истото. Тоа за нас би било навреда“.