Потребата од личност во животот после смртта партнерот е потребна,се согласувам.Потребата заедно да пијат кафе и да се муабетат за тоа како животот е осамен кога си без некој што си го сакал.Да се разменат мислења,животни случки.
Потребата од внимание и почит ќе речам ,зошто не станува збор само за љубов е голема и желбата да се осетиш пак потребна неможе само децата да ти ја удостојат зошто станува збор за различна љубов.
Колку многу љубов и да имало во тој брак,опстојувањето на овој свет сам наредните пример 30 години малку и не е лесен.Децата си ги тераат своите потреби и си имаат свои бракови.Останува сам/а.Живи суштества сме и неможеме да негираме дека ќе изджиме 30 години како степски волци,нели?Времето ги залечува раните,а со тоа се отвараат оние рани...рани кои отвараат простор за нова романса.
Јас несакам ниту би поднела нов татко во мојот живот.Не постои ни физичка замена за него.Значи би сакала мајка ми да ја видам пак насмеана и да видам дека некому му е пак потребна,ама несакам да го знам тој човек.Едноставно,не сум човек што се мава во гради дека е силен да помине низ такво нешто.
Значи сакам мајка ми да биде пак среќна,животот продолжува да,ама не сакам нејзин втор брак.