Divider
Seraphim
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 27.337
- Поени од реакции
- 3.062
LICEMERIE BEZ GRANICI
Организирање на референдум за промена на името би бил национално предавство, но и безполезна акција која не може да донесе ништо корисно, велат дел од македонските експерти по изјавата на Премиерот дека народот, наместо политичките партии, треба да одлучи за името.
Според професорот Георги Марјановиќ, народот нема право да решава за името.
„Името не е прашање кое се менува од денес за утре, тоа е наследено од нашите предци. Немаме овластување да решаваме за најважното историско прашање“, вели Марјановиќ, според кого евентуален референдум е добра можност политичките елити да манипулираат со народот, поставувајќи двосмислени прашања.
За директорот на Институтот за демократија Владимир Мисев, референдумот е уставно загарантиран право кое теоретски не смее да се исклучи како опција преку која ќе се цементира македонската позиција за името, но суштински тоа не може да промени ништо.
„Постои консензус помеѓу сите политички партии, постои консензус помеѓу различните институции во системот, Претседател, Влада, Премиер, Министер за надворешни работи по однос на оваа прашање, така што ова го доживувам како одолговлекување на процесот во однос на преговорите со името“, изјави Владимир Мисев, Институт за демократија.
„Друга страна е колкав е интересот на РМ, да се пролонгира процесот и да се одолговлече“, додаде Мисев.
Од кабинетот на претседателот Црвенковски нема коментар за евентуално референдумско изјаснување за името, ниту дали за ова прашање се разговарало на редовната месечна средба меѓу Црвенковски и Груевски.
За разлика од Премиерот, кој прашањето за референдум за името го споменувал и претходно, Претседателот се уште не се огласува јавно за идејата, која експертите ја сметаат за погрешна.