оф топик
мислам дека не е фер што го баниравте ако тоа е само поради темава, оти секој има право на мислење колку и да е тоа пропаднато... некој си сака комунизам, некој феудално општество, некој чопоративно живеење, живеење во хорди...
он топик
Дури и кога во целост би се реализирала идеајата на Маркс, ќе се јави нов проблем стагнација на човековиот напредок... Како?
прстите на раката не се исти а камоли луѓето
значи за да ви биди јасно што ќе читата
луѓето ќе ги поделам според СПОСОБНОСТ на
1. Способни
2. Средни
3. Неспособни
Па во капитализмот дозволени се класи итн итн.
и што е најбитно, тие успешните , способните, во капитализмот наградата за способноста ја добиваат во форма на богатсво со помош на кое стануваат отворени сите врати и можности на способната личност. ТИЕ способните се мотори на човековиот прогрес, тие го движат светот, а светот оди напред.
Тие што се средна класа, се стремат да станат поспособни, исто и тие се мотори на човековиот прогрес.
На тие неспосбните капитализмот јасно му вели УМРЕТЕ. Како што селекцијата на животните и нивната еволуција ја учевме во осмо, така и човекот. Колку и да звучи ова не хумано, ама факт е дека тие се кочничари на светскиот прогрес, тие капитализмот преку своите механизми ги става на маргините на општеството, со тоа ненамерно ги впушта во девијанти појави, ги институционализира итн итн. ГИ УБИВА(или му дава јаже сами да се обесат). и тоа на модерен, хуман, начин.
Комунизам.. е сеа во комунизмот треба да ставиме знак еднакво помеѓу сите три класи, значи од способните да напрајме средно способни , од неспособните спсобни... Е не можи! Оти некој за неговата спосбност нема како да добие награда, така да спласнува мотивот, желбата за да биде поупорен, ќе го работи онај минимум, колку да се број во средните. Така тоа општество креира лембеди, кои за к*р не ги бива. Кога нема награда нема натпревар!!!! Кога нема натпревар нема напредок. Дотолку повеќе штетноста на комунизмот е и во тоа што нема механизам да ги убива неспособните. За некои заговарачи на комунистичите идеи ова основата на хуманоста во комунизмот, ама напротив за мене тоа основата на нехуманоста, за неспособноста на еден поединец да сработи за леб треба да страдаат повеќе со тоа што ќе го сработат неговото. Со време и тие способните , и средните ќе увидат како залудно трошат енергија, и и тие ќе станат лембеди, сума сумарум на крајот општеството ќе исфабрикува неспособни.
Маркс во Основни Критики на Политичката Економија, вика на капитализмот му се иманенти катаклизми, кризи, падови, експанзии... својствени му се турбуленции..
да се потсетиме ова испадна точно, Големата Депресија од темел го затресе капитализмот, но одкако тоа беше решено, а еве едно 70 години немало страшни проблеми од типот на марксовите катаклизми, падови итн.