Почетнички водич

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Основен влез и излез на податоци.

Програмски јазик: C++.

Основните операции со конзолата кај C++ се приказ и читање на влез. За разлика од C, овде се работи со помош на унифицирани оператори и прилично јасен принцип.

За да се работи со конзолата во C++ мора да се вклучи и библиотеката iostream.h
Внесот на податоци иде преку наредбата cin, а излезот односно печатењето преку cout. Користењето на истите е прикажано на примерот подоле:

Код:
#include <iostream>
using namespace std;

void main(int argc, char *argv[])
{
    int a, b, c;
    cout <<"Vnesete vrednost za a: ";
    cin >> a;
    cout <<"Vnesete vrednost za b: ";
    cin >> b;
    c = a + b;
    cout <<"a + b = "<<c<<endl; //endl значи нов ред
    c = a * b;
    cout <<"a * b = "<<c<<endl;
    cout <<"Blagodaram."<<endl;
    system("PAUSE"); 
}
Забелешки:
1. endl претставува константа која што означува нов ред. cout само ги печати наведените променливи и стрингови на излез. секоја cout команда не почнува од нов ред или го завршува постоечкиот. тоа може ние да го наведеме со помош на оваа константа.
2. Операторот << се користи секогаш кога треба да се одделат два податоци кои треба да се прикажат на излез.
3. Може да се напише и нешто како cin >> a >> b; но не е препорачано во смисол на неразбирливост.
4. system("PAUSE") служи ако кодот се извршува преку некоја си windows IDE за да пред да заврши програмата да паузира, да може да го видиме резултатот и со било кое копче да се затвори командниот прозорец.
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Основен влез и излез на податоци.

Програмски јазик: Java.

Kaj Java, основниот влез и излез иде преку фукнции со егзактни аргументи за разлика од C++ кој користеше конкатенација со помош на операторите >> и <<.

Доброто овде е што системот е прилично стабилен (кај C++ прави проблеми со стринговите) и e јасен.
Лошото е што целата работа се одвива преку стрингови, така да за работа со останатите типови на податоци потребно е парсирање.

Што е поентата, видете од примерот:

Код:
import java.io.BufferedReader;
import java.io.IOException;
import java.io.InputStreamReader;

public class Main {
    public static void main(String[] args) throws IOException {
        // TODO Auto-generated method stub
        BufferedReader rdr = new BufferedReader(new InputStreamReader(System.in));
        //do tuka, copy-paste sega za sega
        //shto vsushnost znaci sevo ova, ponatamu vo nekoj drug post
        
        String ime="";
        
        System.out.print("Vnesi go tvoeto ime: ");
        //ova e naredba za pecatenje. Tekstot se vnesuva vo navodnici, a izlezot e bez nov red na krajot
        
        ime = rdr.readLine(); 
        //ova e naredba za vlez na podatoci. levo od = e stringot vo koj ke se zacuva ona shto ke se procita
        
        System.out.println("Tvoeto ime e: " + ime);
        // naredba za pecatenje so ostavanje na prazen red na krajot

        //vo zagradite na print i println komandata moze da se stavi bilo koj izraz od stringovi
        //a bidejki Java ima interaktivna i fleksibilna rabota so stringovi
        //moze sekoj drug tip na podatok direktno da go pretvori vo string
        //imeno ova raboti:
        
        int a=5;
        System.out.println("Eve eden broj: " + a); 
        //i na izlez ke dade Eve eden broj: 5
        
        //ako pak sakate da bide ispecaten samo brojot togash:
        System.out.println("" + a);
        //shto na izlez dava 5
        //sepak mora da vklucite barem eden par zatvoreni navodnici za
        //da se nagovesti deka se raboti so stringovi
    }
}
Е сега, бидејќи секој влез на податоци се врши преку стрингови, тогаш внесот на другите типови се врши преку нивно парсирање.
За целобројни вредности (int) работата е следнава:
Код:
String vlez="";
System.out.println("Vnesi broj:")
vlez = rdr.readLine();
int broj;
broj = Integer.parseInt(vlez); //ovaa naredba ja pretvara vrednosta sodrzana vo stringot vo int вредност
broj +=10;
System.out.println("Vneseniot broj + 10 = " + broj);
Парсирањето во останатите типови (нумерички) иде вака:
Код:
Long.parseLong(vlez);
Double.parseDouble(vlez);
Float.parseFloat(vlez);
//sekako so nacinot na upotreba opishan vo prethodniot kod.
 
Член од
29 септември 2007
Мислења
325
Поени од реакции
0
Abe zosto vaka se pravam ko so pisuva i nejke
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Значи, за тебе и за сите други кои би се снашле со слични проблеми.
Кога ќе ви се појави проблем, пастирајте кодот, грешката и каде сето тоа сте го работеле. ОК?
 

PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
Ова тема ми се виде најдобра за моите прашања па ќе ги постирам тука, ве молам за помош и одговори.

Вака:

1. Кој е помоќен, Java или C++ ?
2. Зошто примерите во книгата за С++ која ја купив се извршуваат во Конзола, то ест во DOS (cout << "Zoshto konzola?" ; )?
Зарем авторот незнаел дека постои Windows Forms, Buttons, Menus, Lists (GUI) ..?
3. Што е разликата помеѓу VC++ и VC++. Net
4. Зошто би користел Јаva?
5. Зошто би користел С++?
6. Кој е тој моќниот и познатиот С++ и дали во него се прават програми со GUI?
7. Како препорачувате да почнам со учење на С++?
8. Како препорачувате да почнам со учење на Java?

Инаку,

Имам добри предзнаења во VB 6 и C#. Net. Али пак сум збунет.

Моето знаење е на ова ниво: Thunder Shutdown.

Anyone?
 

back_rest

ex mod coder
Член од
19 јули 2006
Мислења
1.590
Поени од реакции
107
Ова тема ми се виде најдобра за моите прашања па ќе ги постирам тука, ве молам за помош и одговори.

Вака:

1. Кој е помоќен, Java или C++ ?
2. Зошто примерите во книгата за С++ која ја купив се извршуваат во Конзола, то ест во DOS (cout << "Zoshto konzola?" ; )?
Зарем авторот незнаел дека постои Windows Forms, Buttons, Menus, Lists (GUI) ..?
3. Што е разликата помеѓу VC++ и VC++. Net
4. Зошто би користел Јаva?
5. Зошто би користел С++?
6. Кој е тој моќниот и познатиот С++ и дали во него се прават програми со GUI?
7. Како препорачувате да почнам со учење на С++?
8. Како препорачувате да почнам со учење на Java?

Инаку,

Имам добри предзнаења во VB 6 и C#. Net. Али пак сум збунет.

Моето знаење е на ова ниво: Thunder Shutdown.

Anyone?
1. Мешаш баби и жаби. C++ е строго за desktop и системски софтвер. Java е првенствено наменет за web апликации. И Java може десктоп, ама е крајно заникаде.
2. Знае, не се секирај. Барај на интернет C++ win32 applicaton па да видиш на колку се работи треба да се обрати внимание и колку треба да биде широко твоето познавање за да можеш да направиш GUI апликација под win32. C++ не е визуелен јазик како VB или C# кај кои самата работа почнува под GUI околина со убаво прилагодени класи.
3. VC++.NET е наредна верзија од VC++ и освен тоа што има проширени јазични можности, способен е одлично да се прилагоди во .NET фрејмворкот и со него на може да се градат CLR апликации (исто како што правиш и со C#).
4. За градба на моќни web апликации.
5. За градба на системски блиски десктоп апликации
6. Се прават.
7. Како што е почнато овде на темава и со книги во стилот: for dummies.
8. Исто како 7.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
@Hsilomedus daj ne mi krisi film taman ja napraviv prvata desktop aplikacija vo Java ti vikash Java sucks, zoshto?
Samo nemoj da mi kazuvash deka e radi perfomansot, ako sakash veke perfomans zemi raboti vo assembler.
 

Dr_ViRuS

DarkSide with green light
Член од
9 јануари 2006
Мислења
1.076
Поени од реакции
28
@Hsilomedus daj ne mi krisi film taman ja napraviv prvata desktop aplikacija vo Java ti vikash Java sucks, zoshto?
Samo nemoj da mi kazuvash deka e radi perfomansot, ako sakash veke perfomans zemi raboti vo assembler.
Хехехех па јас не гледам друга причина зошто сукс јава....

Другите се се позитивни...
 

PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
Фала, само имам уште една нејаснотија...
Ако сакам да го учам тој моќниот С++, да барам книги за VC++, VC++.NET или VC++ win32?
 
Член од
18 февруари 2007
Мислења
7
Поени од реакции
1
Браво HsIlOmEdUs за туторијалите, секоја чест, само како не те мрзи :).
Не би се согласил само со твојот последен пост тука.
1. Мешаш баби и жаби. C++ е строго за desktop и системски софтвер. Java е првенствено наменет за web апликации. И Java може десктоп, ама е крајно заникаде.
PHP еден од најпознатите скриптиг јазици на ВЕБ а е напишан во Ц. И Ц++ може да се користи за веб, врпочем еден од најдобрите веб сервери Apache е напишан во Ц, а со регистирање на модули во него цела веб апликација може да биде Ц++. Да, е малку потешко, но сепак може. Од друга страна јава не е само веб базирана. Eclipse едно од најдобрите IDE, е во јава. Навистина GUI респонсот на јава е малку побавен но тоа е само за swing базирани аппликации. IBM го препишаа swing, го создадоа SWT(GUI-то од eclipse) и веќе апликацијата не се забележува дали е во јава. Имам пробано дури и 3Д работи во јава со SWT и OpenGL и прилично добри резултати добивам.

PowerBoY14, моја препорака до тебе, не бегај од конзолата. Тука е основата на било кој програмски јазик. За GUI е многу лесно ако ги знаеш основите, а основите се учат само преку обичен текст аут. И колку што можеш побрзо заборави на сите концепти што си ги научил во VB :).
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
луѓе јас сакам да учам некој програмски јазик, ама од ова шо го видов.....ме исплашивте еј
 

bubi4ko

Македонци брее..
Член од
24 јуни 2008
Мислења
274
Поени од реакции
17
vaka sega.Jas imam 12 godini i mnogu me intersiraat ovie programski jazici no kako sto vidov dosega nisto ne sfativ osven toa so slikite:kesa:ako mozete da stavete uste sliki za nekoj najlesen (i po4eten se razbira) programski jazik ili pa napisete nekoja stranica od kade mozam da gi u4am.Ili mozebi jas sum mal za da go razberam ova:D
 

nelo

Смрта е сигурна, животот не е!
Член од
29 мај 2008
Мислења
109
Поени од реакции
0
vaka sega.Jas imam 12 godini i mnogu me intersiraat ovie programski jazici no kako sto vidov dosega nisto ne sfativ osven toa so slikite:kesa:ako mozete da stavete uste sliki za nekoj najlesen (i po4eten se razbira) programski jazik ili pa napisete nekoja stranica od kade mozam da gi u4am.Ili mozebi jas sum mal za da go razberam ova:D
Почни со Паскал!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom