back_rest
ex mod coder
- Член од
- 19 јули 2006
- Мислења
- 1.590
- Поени од реакции
- 107
Основен влез и излез на податоци.
Програмски јазик: C++.
Основните операции со конзолата кај C++ се приказ и читање на влез. За разлика од C, овде се работи со помош на унифицирани оператори и прилично јасен принцип.
За да се работи со конзолата во C++ мора да се вклучи и библиотеката iostream.h
Внесот на податоци иде преку наредбата cin, а излезот односно печатењето преку cout. Користењето на истите е прикажано на примерот подоле:
Забелешки:
1. endl претставува константа која што означува нов ред. cout само ги печати наведените променливи и стрингови на излез. секоја cout команда не почнува од нов ред или го завршува постоечкиот. тоа може ние да го наведеме со помош на оваа константа.
2. Операторот << се користи секогаш кога треба да се одделат два податоци кои треба да се прикажат на излез.
3. Може да се напише и нешто како cin >> a >> b; но не е препорачано во смисол на неразбирливост.
4. system("PAUSE") служи ако кодот се извршува преку некоја си windows IDE за да пред да заврши програмата да паузира, да може да го видиме резултатот и со било кое копче да се затвори командниот прозорец.

Код:
#include <iostream>
using namespace std;
void main(int argc, char *argv[])
{
int a, b, c;
cout <<"Vnesete vrednost za a: ";
cin >> a;
cout <<"Vnesete vrednost za b: ";
cin >> b;
c = a + b;
cout <<"a + b = "<<c<<endl; //endl значи нов ред
c = a * b;
cout <<"a * b = "<<c<<endl;
cout <<"Blagodaram."<<endl;
system("PAUSE");
}