60% од средношколците не ја положиле пробната матура

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
Е на ова уште и да ти поверуваме, прерипавте прашања што би ги одговориле и во сон(и би ви донеле поени) за да се фатите со "тешките"
Тие прашања беа последни и навистина беа многу досадни, а тешки прашања конкретно на македонски јазик немаше, имаше од граматика нешто што не го паметиме ама тоа беа 2-3 прашања, а од толку не се паѓа.
И точно е дека многумина на почетокот напишаа се` а на крајот последните страни ги оставија зашто ги мрзеше да одговараат на прашања од текстот, требаше речиси цели пасуси да се препишуваат како одговор, а јас навистина не знам кој не би го знаел тоа.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Јас слушнав од дете што е забен техничар дека бајги биле нормални прашањата,ама тоа што дел од средношколците сакаат малку да забушаваат и што мислат дека натаму во животот ќе биде се така "учителката е крива за се " е друг муабет.
Мене само не ми е малку логично зошто мораат да се јавуваат тие на дадениот број,зошто едноставно не се дадат листи на учениците низ училиштата,толку е тешко тоа?
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
Мене само не ми е малку логично зошто мораат да се јавуваат тие на дадениот број,зошто едноставно не се дадат листи на учениците низ училиштата,толку е тешко тоа?
И јас тоа се чудам, ама изгледа сакаат да не` заштитат со приватност, да не се знае кој положил кој не, а немаше да биде лошо и на интернет да ги објават резултатите.
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Е на ова уште и да ти поверуваме, прерипавте прашања што би ги одговориле и во сон(и би ви донеле поени) за да се фатите со "тешките"
Ти беше таму или јас? Зашто би лажел тука немам никаква причина си кажувам реално како беше. Еве ќе ти пишам една од тие вежби:

Интернетот претставува глобална мрежа на поврзани компјутери. Се појави во 80 - те години во Америка како проект на Министерството за одбрана на САД. Првичната замисла беше да се олесни комуникацијата меѓу група научници во Јужна Невада кои работеле физички оддалечени а имало потреба за постојани контакти. Денес Интернет користат околу 1 000 000 000 корисници. (Горе доле беше вака нешто сеа не памтам точно)
Е сеа тешките прашања.

1. Што е Интернетот?
2. Кога се појавил?
3. Каде се појавил и што била првичната замисла?
4. Колку корисници има денес?

И сеа кажи ми дали се вадиме или? И не реков дека некои ги оставиле за да се фатат за тешките туку едноставно ги мрзело да одговараат на вакви прашања за 1одд.
 
Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
457
Како можело тоа да се случи.....па 90% се скроз одлични ученици....не мора да е некоја местенка:kesa:
Претежно професорите имаат кошули со џебче од страната кај срцето...провери што има у џебчето

Не заебаајте со тоа одлични ученици бе. Шије ми га Ѓуро кога на 10 Јуни професорине се претежно камен пијани и пренајадени. Имаат мама тато кешот и ќе се пушта за синчето/ќеркичето да имаат 5ки во средно, срамота било да бидат со помал просек од 5.00
Море за таквите соба 2х2 со смрдливи чорапи едно пет шеснајс пара внатре и така да се запотат малце па солзи да течат. Ако браво нека паѓаат барем ќе знаеме колку стварно учени имаме.

Иначе јасен пример ни беше докторчено што сакаше да биде милионер а незнаеше што е Космополит. И уште милиони примери каде што ножици заборавале во утробата на луѓето....од што учеле со ум не со пари
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
И јас тоа се чудам, ама изгледа сакаат да не` заштитат со приватност, да не се знае кој положил кој не, а немаше да биде лошо и на интернет да ги објават резултатите.

Па има многу начини да биде тоа пак приватно.Нема да ги залепат листите на врата.Може на секој поединечно да му се каже или да му се даде писмено.
Не дека е проблем да се јави секој,туку кога веќе нешто се прави нека се направи ко што треба до крај.Сепак ,секако ќе се знае кој положил кој не,меѓу себе пак ќе се каже.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Тие прашања беа последни и навистина беа многу досадни, а тешки прашања конкретно на македонски јазик немаше, имаше од граматика нешто што не го паметиме ама тоа беа 2-3 прашања, а од толку не се паѓа.
И точно е дека многумина на почетокот напишаа се` а на крајот последните страни ги оставија зашто ги мрзеше да одговараат на прашања од текстот, требаше речиси цели пасуси да се препишуваат како одговор, а јас навистина не знам кој не би го знаел тоа.
Да не биде сфатено како водење инат
Не постојат лесни и тешки прашања, постојат прашањана кои знаеме или не знаеме да ги одговориме.
Викате досадни прашања, не сте вие (учениците) меродавни тоа да го одлучувате, ваша должност на тест е да одговорите на прашањата(било точно било неточно).
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
Па има многу начини да биде тоа пак приватно.Нема да ги залепат листите на врата.Може на секој поединечно да му се каже или да му се даде писмено.
Не дека е проблем да се јави секој,туку кога веќе нешто се прави нека се направи ко што треба до крај.Сепак ,секако ќе се знае кој положил кој не,меѓу себе пак ќе се каже.
Да, се согласуваме и јас сум за тоа. И не ми е јасно зошто така направија. Имаше многу подруги начини ама тоа ти е.
А и прилично доцна излегоа резултатите, многу време им требаше да прегледуваат дури веќе не ни очекував дека ќе не известат за секој поединечно туку ќе извадат процент на ниво на цела генерација. Делумно и првично така испадна. На почетокот се шпекулираше дека само 30% положиле меѓу учениците, а значи ова е официјалниот процент што мора да признаам е доста разочарувачки макар што се зема во предвид дека не се подготвувавме, не напишавме доволно и слично, сепак е катастрофа.

Да не биде сфатено како водење инат
Не постојат лесни и тешки прашања, постојат прашањана кои знаеме или не знаеме да ги одговориме.
Викате досадни прашања, не сте вие (учениците) меродавни тоа да го одлучувате, ваша должност на тест е да одговорите на прашањата(било точно било неточно).
Не е сфатено како водење инает.
Во претходниот твој пост спомна дека сакаме да кажеме: „Сме ги пресконале тие од што не мрзело, а тешките сме ги решиле“, само ти одговорив дека барем за мене немаше „тешки“ прашања конкретно за македонски јазик зборуваме.
 
CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
alal da im e treba da se stavi kraj na toa prethodnoto da si se znae koj e za uka a koj za vo ovci da sum jas uste poteska bi im dal koj vredi da vredi a toj so nevredi nevredi
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Ти беше таму или јас? Зашто би лажел тука немам никаква причина си кажувам реално како беше. Еве ќе ти пишам една од тие вежби:

Интернетот претставува глобална мрежа на поврзани компјутери. Се појави во 80 - те години во Америка како проект на Министерството за одбрана на САД. Првичната замисла беше да се олесни комуникацијата меѓу група научници во Јужна Невада кои работеле физички оддалечени а имало потреба за постојани контакти. Денес Интернет користат околу 1 000 000 000 корисници. (Горе доле беше вака нешто сеа не памтам точно)
Е сеа тешките прашања.

1. Што е Интернетот?
2. Кога се појавил?
3. Каде се појавил и што била првичната замисла?
4. Колку корисници има денес?

И сеа кажи ми дали се вадиме или? И не реков дека некои ги оставиле за да се фатат за тешките туку едноставно ги мрзело да одговараат на вакви прашања за 1одд.
Тоа прашај ги тие што положиле
 
The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Тоа прашај ги тие што положиле
Па јас сигурно сум положил зашто го решив целиот тест дури и досадните прашања така да ако мислеше дека јас спаѓам во тие што паднале се лажеш. А и други пред мене спомнаа дека не беше толку тежок тестот за да бидат овие лоши резултати реални. Се согласувам дека има многу ученици што не учат и забушаваат итн ама на правата матура ќе видите дека сепак не сме толку глупава генерација како што вие "многу" постарите мислите, а до вчера штрајкувавте за да не полагате матура па сеа ќе солите памет.
 
Член од
8 август 2005
Мислења
456
Поени од реакции
78
деца, дај бе седнете учете, не туку висете по форуми.
Ако имате нешто да кажете, покажете го на школо, тоа е вашата јавна говорница.
А ако сте дораснати, немој да се фолирате: ке се пријавиме за матура за да 'укакаме'. Не ја прават ниту за мене, ниту за да биде прва вест на ТВ
И некој таму на почетокот спомна...не се наога маж во БРО...всушност се жени работат таму :)
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Па јас сигурно сум положил зашто го решив целиот тест дури и досадните прашања така да ако мислеше дека јас спаѓам во тие што паднале се лажеш. А и други пред мене спомнаа дека не беше толку тежок тестот за да бидат овие лоши резултати реални. Се согласувам дека има многу ученици што не учат и забушаваат итн ама на правата матура ќе видите дека сепак не сме толку глупава генерација како што вие "многу" постарите мислите, а до вчера штрајкувавте за да не полагате матура па сеа ќе солите памет.
Јас не реков дека ти си паднал ама твоите пишувања беа во таа насока, а сега си положил, па не гледам причина за страв понатаму.
Што се однесува до штрајковите, јас сум генерација која и не помислуваше за тоа дека ќе нема матурски испит,
 
foxy roxy

~!@#$%^&*()_+
Член од
22 јуни 2006
Мислења
471
Поени од реакции
7
Абе вие "поголемите" завршивте средно без матура и сега ни кажувате работи кои се во ред ама ако вие се најдевте на наше место истата работа ке се случуваше затоа што вие не сте биле драстично по различни од нас и кога вие учевте средно се случвале истите работи како и сега не е од вчера спиењето на час и сличните работи. И за крај не сме ние криви шо 60% не положиле криви се професорите, крив е системот по кој учиме, крива е државата или владата како сакате
 
Не дека се повикувам јас на ова ама само да ти кажам колку за информација,мојата генерација полагаше матура.Значи полагав матура,македонски и еден стручен предмет по избор.
А ти си баш од оние типови на луѓе што секогаш некој друг им е крив,системот е погрешен исто како што беше и кога ние учевме средно.Малку не е се така убаво дефинирано во оваа матура се согласувам ама немој бе владата и професорите само да ги обвинуваш,како за тие 40% што положиле така и за тебе е било.
Значи како можеле да положат тие си можел и ти ,а не да продаваш топла вода како државата ти е крива за твојата писменост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom