Па има многу начини да биде тоа пак приватно.Нема да ги залепат листите на врата.Може на секој поединечно да му се каже или да му се даде писмено.
Не дека е проблем да се јави секој,туку кога веќе нешто се прави нека се направи ко што треба до крај.Сепак ,секако ќе се знае кој положил кој не,меѓу себе пак ќе се каже.
Да, се согласуваме и јас сум за тоа. И не ми е јасно зошто така направија. Имаше многу подруги начини ама тоа ти е.
А и прилично доцна излегоа резултатите, многу време им требаше да прегледуваат дури веќе не ни очекував дека ќе не известат за секој поединечно туку ќе извадат процент на ниво на цела генерација. Делумно и првично така испадна. На почетокот се шпекулираше дека само 30% положиле меѓу учениците, а значи ова е официјалниот процент што мора да признаам е доста разочарувачки макар што се зема во предвид дека не се подготвувавме, не напишавме доволно и слично, сепак е катастрофа.
Да не биде сфатено како водење инат
Не постојат лесни и тешки прашања, постојат прашањана кои знаеме или не знаеме да ги одговориме.
Викате досадни прашања, не сте вие (учениците) меродавни тоа да го одлучувате, ваша должност на тест е да одговорите на прашањата(било точно било неточно).
Не е сфатено како водење инает.
Во претходниот твој пост спомна дека сакаме да кажеме: „Сме ги пресконале тие од што не мрзело, а тешките сме ги решиле“, само ти одговорив дека барем за мене немаше „тешки“ прашања конкретно за македонски јазик зборуваме.