TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
Вчера се случја три одвоени настани, кој дефинитивно се значајни за економскиот развој на нашата држава.
Првиот настан е почетокот на изградбата на Трговскиот центар ЕРА во Скопје, кој ќе се гради во наредните пет години и за изградбата ќе бидат вложени околу 150 милиони евра и ќе се отворат 800 нови работни места.
Деловната зграда која ќе биде со површина од 33.600 метри квадратни, ќе има десет ката и три подземни гаражи, а потоа ќе следи изградбата на трговскиот центар за прехрана и дополнителни дејности од 85 илјади метри квадратни, трговски центар од 22 илјади метри квадратни за други намени, како и 5.000 паркинг места.
Втората вест е почетокот на изградбата на два откупни центри за земјоделски производи во Струмица и во Росоман на Хрватската компанија „Агрокор“, каде за почеток ќе бидат вложени 40 милиони евра. Со овој центар значително ќе се намали проблемот со пласманот на земјоделските произвори.
За потсетување, ова е само почетна инвестиција и истата со тек на време ќе достигне 200 милиони евра.
Третата вест е за желбата за инвестирање на Италијанската корпорација „ЦПЛ Конкордија“ во износ од 60 милиони евра во енергетскиот сектор во Македонија. Таа е заинтересирана за гасификација на општините, градење фабрики за рециклирање на градскиот смет и ветерници со моќност од еден до три мегават-часови. Претседателот на компанијата Роберто Касари вчера ги презентира можностите и активностите на „ЦПЛ Конкордија“ пред претставници на Владата, локалната власт, бизнис-секторот и експерти од областа на енергетиката.
Одиме напред.