C
Cool Hand Luke
Гостин
Потребен ли е Бог за неа?
Се сложувам со Антони де Мело дека тоа е чувство на среќа, радост и мир неусловена од ништо, освен од самото постоење, што сме воопшто живи, сега и во овој момент. Чувство на безгрижност и полет како што поседува мало невино дете. Се мисли само на чувството се разбира, не и на менталната состојба. А дали оваа позрела ментална состојба во која што сме сега го спречува тоа чувство да се манифестира? Дали сите желби, надежи, стравови, ставови, амбиции го спречуваат? Не, туку нашиот однос кон нив, автоматски си правиме проблем од сите тие работи и одбиваме да бидеме среќни додека не го постигнеме тоа, тоа и тоа... Причина се и другите луѓе, околината. Како да бидеме просветлени во овој непросветлен свет кога човек може да не повреди а ние да не му се налутиме поради тоа? Пострашен удар од тој врз нашето его - здравје. А таа состојба не само што ќе не спречи да се налутиме, туку ќе не спречи и да се исплашиме. Зад секој бес стои страв.
-Што е тоа љубов?
-Целосно отсуство на страв.
-Од што се плашиме, господине де Мело?
-Од љубов.
Замислете како би биле најсреќни, замислете добро дека сите “овци“ ви се на број. Вие најдобро си знаете какви “овци“ се тоа
. Значи сега се е во ред со вас. Пресреќни сте, исполнети, мирни. Но е потребно концентрација да се одржи таа состојба, нели? Не, туку проблемот е во тоа што не сакате тоа чувство да се одржи. Имате еден куп проблеми и преокупации, кој ќе биде среќен сега... а таа состојба не може да ви смета во вашите секојдневни работи, туку напротив...
Потребно ли е да се верува во Бога за оваква вера? Не знам, но знам дека Бог токму тогаш би направил нешто убаво за нас, а ние и понатаму не мора да веруваме во него.