marcus
струмички модератор
- Член од
- 5 јули 2006
- Мислења
- 5.378
- Поени од реакции
- 131
Дали сериозно постојат луѓе кои би сакале да се врати едно такво време...и сите среќно да си живееме во илузијата дека и ангелите(под услов да се комунисти) ја пеат песната на Чорба..о како је лепо бити глуп.....
Ама што се може, некои болести се едноставно неизлечиви...
Мене ми е преку глава од вечни студенти кои по 20 години жешко студирање и 15 години чекање на листата на активни членови на КПЈ добиваат канцеларија столче и 15% повисока плата од еден механичар да ја трошат на свински полутки, синдикални одмори и шверц во Солун или Трст...
Доволно паразити се родија и одгледува други паразити дресирајќи ги дека ништо немораш да работиш, ништо немораш да знаеш и додека бротчето ти плови мирно никој нема да испраќа по разни острови а ти ќе живееш во лоша имитација на западниот живот..
Преку глава ми е од седници на ЦК , црвени марами,слетови ,воени вежби на повторно ослобдување, филмови од продукцијата на застава филм(што би рекле еднооки),од Знање-имање, радување на спортските резултати на некои други клинци кои зборуваат се само македонски не, стоење на сред улица во знак на почит додека сирените ти ги пробиваат ушите за роденденот или смртта на Тито, поклонување пред неговиот гроб, доволно мирно стоев покрај штафетата и изигравав стража кога дојде и во мојот град...облечен во носија на туѓа држава...
Доволно ја молзеа Македонија...градеа македонски фабрики во Србија и пиевме Словенско вино од македонски полиња...
А ваму се радувавме на рекалами од типот..Спалите ваше омиљено кучно створење у нашим печима...Горење Велење...или...У време граџанског рата бежите авионима ЈАТ-а...Деца цвеча...my ass...
Не неможе да ми недостига нешто што не сум го сакал..
Ако пак некому и понатаму му фали ова тогаш дефинитивно си има работа со духови од минатото..како што е овој..
П.С. Заборавив да кажам...му се ближи 116 годишнина од раѓањето па..пионерчина..знаминаца во раце.. се враќа Годо...