[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] НСДП вчера ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за обид за растурање на партијата.
"ВМРО-ДПМНЕ успеа да изрежира само една лоша театарска претстава. Купувањето пратеници од мнозинството во Собранието кое ја поддржува Владата е силен сигнал за загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за стабилноста на Владата. Големиот аплауз на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по најавата на Мирјана Секуловска дека поминува во нивните редови, исто така е потврда за тоа дека нешто покрупно се случува во коалицијата", стои во соопштението од кабинетот на претседателот на НСДП Тито Петковски.
Иван Анастасовски ги смета за шпекулации најавите дека премиерот нема да им го остави Министерството за економија.
"Официјално, тоа место, заедно со она за локална самоуправа, треба да биде пополнето на наредната седница на Владата. Ако шпекулациите за одземање на Министерството станат реалност, јас мислам дека ние веќе нема што да бараме во Владата", изјави вчера потпретседателот на партијата Иван Анастасовски.
Од НСДП велат дека Груевски тајно ја растурал партијата преку министерот за одбрана Лазар Еленовски, кој сега ја имал улогата на тројански коњ, за да се ослаби позицијата на НСДП, а за Секуловска било јасно дека ќе заминува бидејќи подолг период ги бранела интересите на ВМРО-ДПМНЕ
"Еленовски веќе не е министер од НСДП. На последната средба со Груевски лидерот на НСДП побара Еленовски да си оди. Премиерот одби, па и ако има реконструкција, Еленовски треба да остане или како министер - експерт или како кадар на ВМРО-ДПМНЕ", велат извори блиски до Петковски.
НСДП тврди дека само 13 членови на НСДП во Охрид преминале во ВМРО-ДПМНЕ. "Сите тие се функционери или роднини на Секуловска. Дали ВМРО-ДПМНЕ има намера само да ја прифати како своја или, пак, се обидува да и наштети на НСДП, ќе се види од односот кон овие 13 луѓе. Ако постои коректен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон НСДП, ние очекуваме тие да бидат разрешени од функциите", стои во соопштението на НСДП.
A ako ne?? Ke si odite konecno kaj tate i mama (citaj SDSM), vo opozicija i istorija kade vi e mestoto??
Ljazo moze e trojanski konj, a moze e spartanska kobila, me zabole, debil e ionaka, ama vie kako NSDP ste trojanska ergela vo Makedonija!
[/FONT]