Divider
Seraphim
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 27.337
- Поени од реакции
- 3.062
Тито Петковски веднаш по хеликоптерската несреќа побарал оставка од сопартиецот и министер за одбрана Лазар Еленовски. Тоа би било морален чин, како што во Хрватска и Грција се повлекоа тамошните министри по слични несреќи.
„Не се работи за негова лична одговорност, тоа не е докажано и ќе се докаже, меѓутоа тоа е како чувство на морален чин и чувство на солидарност со луѓето коишто настрадаа, со нивните семејства и она што како голема штета се нанесува на Министерството“, изјави Тито Петковски, НСДП.
Министерот за одбрана од Турција порача дека кога ќе се врати во Македонија ќе разговара, бидејќи сега се наоѓа во многу важна посета.
Лидерот на НСДП не е загрижен за фракционерските борби во партијата. Судирот Петковски - Еленовски се случува во време на аферата со државниот секретар со фалсификувана диплома Љиљана Стериовска.
„Моето прашање и тогаш и сега е истото, дали има нешто вистина во врска со ова? Одговорот од државниот секретар беше енергичен: како можам јас да замислам такво нешто, прво имам семејство, имам деца, а јас сум докажан човек итн. Истиот одговор го добив и сега“, додаде Петковски.
Петковски е лут и на коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, според него и тие стојат зад аферата Стериовска.
Му порача на Груевски дека нема да појде од рака да го има под контрола, меѓутоа признава дека Премиерот е главниот играч.
„Тој ја води владата, тој одлучува за состојбите, за односите во владата, тој го прави тимот, тој знае, бидејќи најмногу одговара тој како Премиер, со кои играчи на кои позиции да игра. Ние да сме политичка партија која ќе има повеќе министерства и повеќе пратеници би се однесувале сосема поинаку“, рече Петковски.
На НСДП му претстои конгрес на кој Петковски би се пресметал со уште некој кандидат. Ги повикува Митановски и Секуловска од кои деновиве доби остри напади своето незадоволство да го изложат во партиското седиште.
Ете кој ви крои дел од политиката и кој крелци (дел од нив) ја водат државата.