Човек цел свој живот се труди да најде некого што ќе го сака. Некој што е сличен на него. Според мое мислење, тоа е еден вид на самобендисување - се сакаме себе си во туѓо тело. Но сепак мислам дека љубовта всушност е спој на хемија и хормони - но и нешто друго што човекот не може да го свати. Можеби тоа е потреба да бидеме занчајни за некого, да му бидеме се на светот или пак да мислиме дека постои некој кој е сличен на нас и ќе ни биде морална поддршка низ нашиот живот.
Многу добра реченица. Морам да ја потенцирам. Според нас самите, секогаш мислиме дека нашите одлуки се вистинските, и нашиот карактер е единствен прав.
Она што го забораваме е дека сите имаме лоша страна, па кога и таа лоша страна ќе ја најдеме во некого, инстинктивно ќе ја препознаеме.
Интересна теорија Нора...
Инаку, од старт е биологија во игра, наследство и ништо повеќе. Скроени сме да бидеме со партнер, како лебедите, можеби затоа ни изгледаат толку прекрасни и ги има во сите бајки, личат на нас.
Но сепак, тоа е особина која ние луѓето ја поседуваме и не издигнува од животните, па можеме да се фокусираме на филозофии зошто и зашто.
Јин јанг принципот? Ултимативната рамнотежа која се постигнува само со втората половина? Задоволување на универзумот, пак се враќам на биологијата. Како да ја бараме својата душа, таа не може да биде задоволна и да оди понатаму по смртта ако не се посвети на нешто друго освен себе. Сакањето некој друг е мост кон поголемото добро, кон следното ниво, кон другиот свет...