Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Претседателот на ОМО “Илинден“, Јордан Костадинов, денеска ги повика македонските власти да ги заштитат правата на Македонците во Бугарија. Тој на денешната прес-конференција рече дека македонските државни институции, научни работници и медиуми треба да почнат широка акција за заштита на религијата, јазикот, традицијата и културното наследство. Според него, Бугарија постојано ги нарушава правата на Македонците.
“Човековите права на македонското малцинство во Бугарија, продолжија и откако земјата стана членка на Европската унија“, рече Костадинов.Тој додаде дека во Бугарија постојат институции, кои водат константна пропаганда за уништување на македонското национално движење.
“Ако македонските институции и меѓународното право не се спротистават на бугарската пропаганда, Бугарија нема да го смени својот однос кон нас“, изјави Костадинов.Претседателот на ОМО “Илинден“ рече дека Бугарија ги крши сите членови на Конвенцијата за човекови права, кои се однесуваат на религијата, идентитетот, јазикот, културното и националното наследство на малцинствата.
“Бугарија ни го оспорува и правото на мајчин јазик. Веќе 19 години не можеме слободно да се здружуваме. Нашите свештеници немаат право да вршат богослужба на македонски јазик во црквите во Пиринска Македонија. Бугарија не запира со геноцидот и асимилацијата врз Македонците и покрај трите пресуди на Судот за човекови права во Стразбур“, истакна Костадинов.
Извор: Нетпрес