DimceY
Jimmy
- Член од
- 20 ноември 2007
- Мислења
- 5.863
- Поени од реакции
- 5.737
Според сознанијата со кои располага Управата за безбедност и контраразузнавање, во текот на јули 2001 година, по извлекувањето на терористите од т.н. ОНА од село Арачиново во кумановско - липковскиот регион, терористичка група на чело со командантите Џавит Асани и Назми Сулејмани се префрла на подрачјето на Скопска Црна Гора, каде превзема подготвителни активности за продолжување на вооружените дејствија и изведување терористички акции спрема припадници и објекти на МВР и АРМ.Од страна на оваа терористичка група, селото Љуботен било определено за нивна главна логистичка база, набавка и складирање на оружје и мобилизирање на доброволци.Оваа група на неколку места го минирала патот кој водел спрема селото Башинец.Според оперативни сознанијата со кои располага Управата за безбедност и контраразузнавање, во текот на јули 2001 година, повеќе терористички групи од Генерал Јанковиќ преку селото Блаце пристигнале и се приклучиле на т.н. ОНА во село Љуботен.На 10.08.2001 година во 08:00 часот кај месноста викана Љуботенски Бачила на шумскиот пат меѓу селата Љубанци и Љуботен, возило на АРМ наишло на две нагазни мини, поставени од албански терористи, при што во настанатата експлозија животот го загубија 8 припадници на АРМ, а 9 се потешко или полесно повредени.По експлозијата кон припадниците на АРМ отворен е оган од пешадиско оружје, на што од страна на армиските сили е возвратено.Според сознанијата, овој терористички акт претходно бил подготвен и организиран од страна на Џавит Асани со неговата група од 25 лица од кои дел биле од Косово, а дел од Љуботен.Оваа група добила логистичка подршка и од дел од локалното население,кое било ангажирано за следење на движењето на припадниците на безбедносните сили во тој реон.По овој терористички акт во село Љуботен и околината, продолжија воените дејствија.Од страна на терористичките групи лоцирани во селото, повторно беше извршен вооружен напад на позициите не безбедносните сили стационирани во одморалиштето во близина на село Љубанци.Исто така во внатрешноста на село Љуботен е забележана раздвиженост на униформирани и вооружени лица.Во борбите со македонските сили, според оперативни сознанија учествувале терористичките групи на командантите Џавит Асани и Назми Сулејмани (околу 200-300 лица), потоа специјалната единица за брза интервенција под команда на Назим Буши алијас командант "Адаши", единицата на Фадил Нимани која броела околу 150 лица,како и едницата на командант Тели од Албанија.Сознанијата со кои располага Управата за безбедност и контраразузнавање укажуваат дека командант Назим Буши издал наредба за напад врз македонските сили во селата Љубанци и Бродец каде била стационирана артилериската единица на АРМ.Наредбата за напад врз безбедносните сили во Бродец била со цел одземање на артилериското оружје.Ова оружје терористите планирале да го користат за гаѓање на рафинеријата ОКТА и градот Скопје.Во врска со акцијата во Бродец, командант Адаши го информирал Гзим Острени (командант "Дајо").За време на борбените дејствија, командант Дајо одговорен за логистика, го информирал генералот Зејадин Туши од АРМ, дека од страна на селаните во Љуботен биле забележани војници во селото.Туши го запознал Дајо дека тоа биле нивни војници кои дејствувале без команда, но и дека имале две единици подготвени за напад во секое време.Во нападот кај село Љуботен врз припадниците на безбедносните сили учествувале терористичките групи на командантите Назим Буши, Енвер Барди од с.Блаце (дезертер од специјалната единица "Шкорпиони" на АРМ), Халил Палоши, Гафур Адили и командант Шкупи од Скопје.Заради зачестеноста на нападите,како и проценките за опасност од проширување на терористичките дејствија на пошироко подрачје,безбедносните сили презедоа акција за одбивање на нападите и разбивање на терористичките групи.Истовремено, МВР, согласно законските овластувања, презеде интензивни мерки за откривање на сторителите на терористичките напади, при што се приведени 73 лица од село Љуботен.По спроведената законска постапка, како и од вештачењето на земените "парафински ракавици" и утврденото присуство на барутни честички, 27 од лицата со кривични пријави се предадени на Основното Јавно обвинителство во Скопје,поради основано сомнение дека сториле кривично дело "тероризам" и "подготвување тероризам", со што го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на Република Македонија.Притоа е утврдено дека пријавените лица, на 12.08.2001 година, со претходно набавено оружје и муниција, отпочнале директен вооружен напад врз позициите на македонските безбедносни сили во атарот на село Љуботен.Со овие дејствија пријавените продолжиле во текот на целиот ден, се до нивното разбивање и лишување од слобода во реонот на Љуботен и околината.Од страна истражниот судија на овие лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 14.08.2001 година во 12:55 часот во МВР е добиено известување дека во реонот на Љуботен се пронајдени 5 трупа.За настанот веднаш е формирана увидна екипа составена од Истражен судија, заменик јавен обвинител и стручни лица од МВР.Пред упатувањето на екипата на лице место, направени се проверки за безбедносната состојба во селото преку соработка со Фатмир Етеми, пратеник во Собранието на РМ, кој предупреди да не се влегува во селото поради зачестените пукотници од огнено оружје и раздвижување на вооружени лица.По повторниот обид на увидната екипа да влезе во селото Љуботен и да изврши увид, беше заклучено дека фактичката состојба е изменета и не може да се изврши веродостоен увид, бидејќи лицата се погребани.
На 16.08.2001 година терористичките групи лоцирани во селото Љуботен повторно со автоматско и снајперско оружје ги нападнаа позициите на полициските сили на ова подрачје, а забележан е и случај на палење на куќата на Димо Ацевски, жител на ова село.
На 14.08.2001 година во 12:55 часот во МВР е добиено известување дека во реонот на Љуботен се пронајдени 5 трупа.За настанот веднаш е формирана увидна екипа составена од Истражен судија, заменик јавен обвинител и стручни лица од МВР.Пред упатувањето на екипата на лице место, направени се проверки за безбедносната состојба во селото преку соработка со Фатмир Етеми, пратеник во Собранието на РМ, кој предупреди да не се влегува во селото поради зачестените пукотници од огнено оружје и раздвижување на вооружени лица.По повторниот обид на увидната екипа да влезе во селото Љуботен и да изврши увид, беше заклучено дека фактичката состојба е изменета и не може да се изврши веродостоен увид, бидејќи лицата се погребани.
На 16.08.2001 година терористичките групи лоцирани во селото Љуботен повторно со автоматско и снајперско оружје ги нападнаа позициите на полициските сили на ова подрачје, а забележан е и случај на палење на куќата на Димо Ацевски, жител на ова село.