ada
Модератор! ок?
- Член од
- 21 август 2006
- Мислења
- 5.706
- Поени од реакции
- 566
Црква и не е баш чудна и out-of-place градба во земја со мнозинско христијанско население и вековна традиција како припадник на православната црква.Едно огромно, мрсно, дебело не!
~Фонтана ќе изгледа многу поприлагодно. Но, ете, архитекти кои завршиле со врски (единствен логички начин како да се објаснат гротескните градби на македонските архитекти, секоја чест на исклучоци) сакаат да имплементират чудни, out-of-place градби.
~Најмалку што ни фали у моментов е религиозна трка. САКАМ ЏАМИЈА! САКАМ СИНАГОГА! Јас сакам ковена бе, кај што ќе играм гол со пијани вештерки и ќе правиме ритуали ама никој не ми дава. Камбани VS. Пеење на нос. Јас ќе направам УШТЕ поголема црква! Јас ќе направам УШТЕ поголема ЏАМИЈА од твојата црква! Бидејќи, нели, малцинствата немаат права во Македонија, мораме да им удостоиме.
~Ама ќе го убедини народоооот! Riiiight. Пошо малце цркви има у Скопје ќе правиме уште.
Ова Скопјево ептен со сила метропола бе, народот има менталитет еднаков на рѓосана цевка, ама важно цркви и облакодери имаме. Наместо да реновира оштетени објекти (еве на пример тоа дувлото, гадната јама спроти италијанска амбасада. Ја спомнувам нејзе пошо е у строг центар), ама ваљда и за тоа треба тендер да се отвара пошо сами не можеме.
И наместо да го сфаќаш тоа ко религиозна трка, што не го погледнеш истото од аспект на културно наследство. Секој ебан поголем град во светот има црква на плоштад. Скопје ја имаше несреќата да биде срамнето со земја во '63., па затоа ги нема некои од своите карактеристични градби...но, среќа истите можат да се вратат во живот.
Црквата Св. Константин и Елена претставувала соборно место на многу скопјани и имала големо значење за нив. Ако ти не можеш да го сфатиш тоа, твој проблем, deal with it.
И пред да викаш мрсно не за изградбата и да бараш ковена, потсети се дека религијата(и црквата како нејзин симбол) биле едно од главните нешта кои ти го сочувале единството и идентитетот на народот на кој му припаѓаш, низ 5-те века турско ропство.
Ако тоа не ти значи ништо, повторно сам со себе помири си го проблемот но, не изедначувај играње гол со пијани вештерки и свет објект, затоа што од првото народов твој не видел баш корист, а од второто видел.
Трагично е што личен атеизам, нетрпеливост кон вера и слично, се става пред нешто што има многу подлабока суштина и кое опфаќа цела нација на некој начин. Таквиот став укажува на синдромот "не можам да си погледнам подалеку од носот".
Објект кој е граден по канони, кој има историско значење и слично, не може да се квалифицира како одвратен.Да не искочам офтопик, има некој слика да видиме од црквана? Некој ми рече дека била прилично одвратна.
Може само тебе лично да ти биде одвратен, исто како што на некој Мона Лиза рецимо му е одвратна, но не и де факто ружен.