- Член од
- 31 јули 2006
- Мислења
- 2.537
- Поени од реакции
- 700
за под 5.4. За наводното наоѓање на американскиот скелет, просто кажано, немам поим оти не сум во тек со „најновите„ еволутивни наоди и докази а ниту тоа ми е од потесен интерес. Но, не би се зачудил ако покрај тој скелет биде пронајден и аудио/видео запис од средбата меѓу „скелетот„ и „саурусите„! Ха-ха-ха! Шега на страна. Се плашам и со тој скелет да не се случи некое погрешно датирање и толкување! Па американскито контитнет беше населен со северноамерикански „индијанци„, Инки, Маи, Ацтеки и амазонски „индиоси„ и патагониски „луѓе„, уште пред Америка да биде „откриена„! Така, нормално е дека може да се најдат скелети и на американско тло.
5. Да, јас учев основно во СФРЈ и во тоа време образовниот систем беше исклучително квалитетен, а не само обично собирање дневни информации. Изучувањето на анатомијата беше систематско: се изучуваше и човеково тело како целина со сите негови органи и подсистеми и тоа како детално! Во средно училиште, изучувањето на живите организми беше уште подетално, се до ниво од структурата од ДНК! Ти текнува?
Се сеќавам на биологијата у основно. Јасно дека беше објаснување и на органи и све тоа, али зборот ми беше - не до таква длабина како што се учи у средно медицинско. А за биологија у средно.....ја учев у „Орце Николов“, електро-техничко, така да, нашата биологија беше само површна и таму и само една година.
Ние можеме до смрт да се дебатираме овде за толкувањето на фосилите. Ти почнуваш од една гледна точка, а ја од друга. Затоа и никако да се разбереме. Ја те разбирам од кај доаѓаш, но не можам да го прифатам. Исто и со тебе. Едно само можам да кажам - верувам у еволуција. Е, сега, дали имало некоја света рака што го направила тркалото да се врти или не, не можам да кажам со сигурност затоа што не знам. Али ја оставам таа опција отворена.
А за скелетот во САД...тоа не е ништо ново. Тоа е само еден од случаевите што се „бизарни“ и мејнстримот научници намерно ги отфрлаат, затоа што поаѓаат од гледна точка дека Хомо Сапиенс никако, под никакви услови не е можно да одел по планетава заедно со диносаурусите. Има и многу други ископини што покажуваат цивилазии толку стари, што е скоро невозможно (пак во мејнстримот археолози и научници) дека луѓето у тоа време би можеле да бидат у стање да прават такви ствари - како на пример, да патуваат до други континенти: од Европа у Северна Америка, од Африка у Јужна Америка итн