Себеси се барав, тебе те бранев...

  • Креатор на темата Креатор на темата Lady
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Се нашол секој барем неколку пати во ваква ситуација, нормално кога е "закопан" во пердувите на љубовта:)
Партнерот го оправдувате за неговите грешки, а Вие полека полека почнувате да се губите во целата таа ситуација...Заборавате и не личите на себе, не ве препознаваат...Се менувате полека...
Почнувате да се барате себеси но тешко оди сето тоа....
Колку пати Ви се имаат случено вакви метаморфози и како сте ги пребродиле?:uvo:
 
Ако сакаш да успее една врска мора да се има взаемна почит и разбирање. Колку и да се апсолутизира љубовта , мора секоја личност да си држи до своите ставови и принципи и малку да се размислува со глава. Премногу импусливност, она размислуваме водени САМО од нашето срце нужно носи грешки , проблеми и крај на врската. НЕ МЕНЕ НЕ МИ СЕ ИМА СЛУЧЕНО ВАКВО НЕШТО. ЈАС СУМ ТОА ШТО СУМ И ТОЧНО ЗНАМ ШТО СУМ.
 
Не ми се имаат. Болен сум да сум праведен, а рамнотежата ми е најсилната страна која ја поседувам. Доколку се заложам за некого (без разлика каква функција има тој некој во мојот живот), тоа сигурно нема да биде од лични причини... ќе биде зашто сметам дека е така исправно. Ако ми се допаѓа таа некоја личност за која ќе завземам цврст став, ќе ми биде добар повод...
 
Ја согледувам ситуацијава, ама сепак за да не промашам може ли да добијам малку понасочено/поопширно објаснување, те молам? :smir:
 
Согледај го овој пример...
Знае дека нејзиниот маж, дечко се шврља секоја втора вечер со друга, а таа се прави дека не знае:)
 
Согледај го овој пример...
Знае дека нејзиниот маж, дечко се шврља секоја втора вечер со друга, а таа се прави дека не знае:)
Ауу... недај Боже да научам таква работа, па и да се правам дека не знам? Па има трета светска војна да избие... не да се правам на луд. Нема шанса тоа да го дозволам!
 
Како адвокат сум ( од поштените :) ), не е можно да се најдам во таква ситуација. :pipi:

Нема теоретски шанси да премижувам за нечии грешки кои би влијаеле негативно врз мене.
 
:vozbud:.

Знам такви примери, и бидејќи солидно ја познавав личноста знаев дека тоа е последица од нејзиното грешно толкување на партнерот како божествен, единствениот совршен примерок кој би можел да се вклопи во врска со нејзината душа, а од таму и страв дека ако го загуби ја загубила шансата за среќа и љубов на овој свет, бидејќи после таков како него, потоп.
 
Ауу... недај Боже да научам таква работа, па и да се правам дека не знам? Па има трета светска војна да избие... не да се правам на луд. Нема шанса тоа да го дозволам!

Kако прво, не си жена:)
Kако второ, да те потсетам колку само случаи познаваш вакви? :)
 
Согледај го овој пример...
Знае дека нејзиниот маж, дечко се шврља секоја втора вечер со друга, а таа се прави дека не знае:)
Согледувам дека таа е глупава затоа што го сака, а тој го знае сето тоа па го искористува.
Можам да замислам што би направила доколку се најдам во таква ситуација. Јас сум она што сум и не би се сменила поради никој.:pipi:
 
Епа таквите луѓе се прават со сила будали :toe: пред некој ден дознав пример дека има еден пар што се тепаат во град кај ќе стигнат.одат и на шиење во болница па се заедно веќе 5 години :tapp: тоа е,се шета по светов...инаку за мене нема шанси да се загубам во таква работа...
 
Во ниедна врска никогаш му се немам предадено психички,и никогаш не сум менувала однесување напротив,секогаш сум била своја!Таква ме засакал,таква и ќе ме има.А ако не ми одговара неговото однесување не е за мене...и да не должам многу,карактерот не го менувам,а и да сакам неможам да го сменам ни да ми го смени некоја личност.Да се барам себеси??Не дефинитивно не ми се случило тоа.
 
Тоа ми е веројатно најголемиот страв, и нешто од кое се трудам да се заштитам.
Еднаш си дозволив да заборавам на себе и на своето достоинство, а добив само јавен потсмев и "титула" бивша, иако се што сакав е да останам со личноста без оглед на цената. Затоа, невр мор.
Кога гледам такви ситуации од страна, ја сфаќам нивната трагичност. Едниот со заматен разум од љубов(односно нешто за кое верува дека е љубов) се понижува себе си, ствара одбивност кај партнерот и делува ко кловн за околината, а другиот нема храброст да се тргне од врската, али затоа продолжува да го омаловажува партнерот на секаков начин. Кога не би било така тажно, би било комично.
Тоа е класична психолошка игра на жртва и злоставувач, толку често застапена баш во љубовните врски. Некој се освестува на време и се трга од истата, а некој за жал може и цел живот да заглави во таква улога.
 
Сум за адаптација во врска но не и по цена губење на идентитет.


Значи,не зборам од лично искуство но знам дека не би било пријатно чувството да заспивам со мислата дека не сум единствена и дека ете било само авантура или е само дел од неговиот преоден период во животот.Да се разбудам наутро варејќи кафе за нас а да ги насетувам мислите од другата страна...како едвај чека да излезе од дома за да го осети вкусот на кафето со неа.Да спремам ручек за нас ,а да слушнам дека сепак е гужва во град па подобро е да јаде во некоја седвичара за да не иде до дома.
Каде сум јас?Каде сме ние?
Како би се нашла себе си во една таква врска која едноставно функционира без мене?
Не би си дозволила ваква нешто, не само ради гордост туку и од причина што незнам да испијам едно кафе и да изглумам дека е прекрасно ако не е така,па неможам ни да помислам да бидам во заедница како ли да се нарекува, врска,брак сеедно...едноставно неможам да вдишувам водух кој знам дека не е наменет за мене.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom