Посвојување на деца

Би посвоила дете,дури и сериозно размислувам на таа тема.Не е важно дали ке го родиш или ке го посвоиш,ако имаш вистинска љубов во себе.Детето наследува од нашите гени,тоа е точно,но многу повеке врз детето влијаат воспитувањето,љубовта што се пружа,средината во која што ке живее.....Има толку оставени деца кои бараат малку љубов,и мислам дека секој што има услови и храброст-треба да даде од љубовта!
 
Доколку имам можност најнормално кога ќе дојде време немам ништо против посвојувањето.Тоа е благороден чин.Без разлика дали ќе го родиш и со тоа му даваш живот или ќе го посвоиш и со тоа му даваш можност за живот тоа дете е твое и заслужува љубов.
 
Би сакала да имам свое,но ако е тоа 100% невозможно би посвоила.
 
Jas ako nemam deca bi sakala da posvojam vazno e da mu ja dadam potrebnata ljubov.
 
Ништо против.
Тоа што детето не е од иста крв,не е ни битно.
На крај,сите сме едно,битна е само љубовта која треба да ја добие детето откако ке биде посвоено,бидејки,ако некој не е спремен да ја даде таа љубов,не би требало воопшто ни да размислува на таа тема.
 
нема нешто болје од ова, Ак онеможеш зашто да не !!!

Есма заради тоа ја респектирам, 50 деца да ги направис луѓе, алал нека и е
 
Нема шанси. Ако сакам да имам дете, ќе имам, а ако не можам, ќе си останам без деца - така сакал Господ.
Дури и твои деца некогаш знаат да бидат неблагодарни, а не па некое што ќе го земеш од дом, којзнае од какви родители и услови стигнало во дом.
 
ееееееееееееее:nenene:ова е многу сурово...греота се децата,оставени сами на себе,никад да немаш ништо свое..јас би посвоила и да имам деца..кај родителите ги напуштиле,па уште и сите останати-што за жал е и вистина,имајќи ги предвид домовите и условите во кои живеат,нивните можности за понатамошен живот,а уште повеќе односот од околината
 
Нема шанси. Ако сакам да имам дете, ќе имам, а ако не можам, ќе си останам без деца - така сакал Господ.
Дури и твои деца некогаш знаат да бидат неблагодарни, а не па некое што ќе го земеш од дом, којзнае од какви родители и услови стигнало во дом.
Многу лошо размислено и кажано :( Себично....
Јес да гените се тука,НО воспитувањето,љубовта и чувството дека некој се грижи за тебе и те сака го градат карактерот на една личност.
Каква благодарност бараш од твоите деца?Да ти бидат благодарни шо си потрошила еден тон млеко за тие 18 години?Благодарност не барам,барам љубов и другарство од моите деца,а тоа се постигнува со меѓусебна соработка.
 
Јас би посвоила и тоа сигурно да ако не можам да имам свои деца. А ако можам тогаш што се однесува до мене и тогаш би посвоила но секако партнерот ако се согласи на таквиот чекор и ако имам се разбира услови да им понудам добар живот.Зошто да не? Или пак ако веќе имам средства а партнерот не се согласува тогаш би ги посетувала децата во домот како пријателка и би им носела подароци било во облека,прехрамбени продукти или нешто трето. Затоа што ако мене вака како ладна и самобендисана особа некогаш во животот нешто ме загрижувало, била секако судбината на децата од домот.
 
Ако господ ме казнил (недај боже)да неможам да имам свои деца воопшто не би ни размислувала би отишла до првиот дом за деца без родители и би посвоила дете.
Доколку веќе имам деца не би можела да посвојам поради тоа што несакам некое дете да се почувствува како да е помалку битно од она што е сопствено мое.Сепак колку и да ги сакаш децата (јас лично ги сакам премногу)своето дете сигурно онака потсвесно повеќе ќе го сакаш што е и нормално барем за мене.Не се сите створени да знаат како со деца не е само да го посвоиш треба да му дадеш љубов, внимание, воспитување не е тоа се така едноставно.Затоа сум против тоа некој да посвојува деца а да не ги одгледува како што треба туку да се вади на тоа дека им дал топол дом.:pipi:
 
Нормално најмногу на свет би сакала да имам свои деца каде што јас ќе бидам биолошката мајка...

Но во случај да не можам да имам сопствени деца тогаш дефинитивно би посвоила некое детенце на кое што ќе му биде потребна мојата љубов и ќе го сакам како да е мое дете. Не можам да си го замислам животот без дечиња, па ако не сум во состојба да ги имам, сигурно нема цел живот себично да го поминам мислејќи само на мене и на мојот сопруг. Љубовта треба да се дава а не да се чува само за себе. Тие дечиња кои се оствени во домовите воопшто не се криви за својата судбина нив им е потребна грижа која што ние може да им ја дадеме, а тоа сигурно ќе знае да ја цени. Но се зависи и како ќе се воспита тоа дете, ако се посвојува треба да се грижиме за него како да ние биолошко дете без никакви предрасуди.

А на детето треба дефинитивно да му се каже вистината дека е посвоено и што порано толку подобро. Тоа ќе биде тежок период за сите, но ако е добро воспитано и му е пружена доволна љубов ќе знае сето тоа да го разбере. Многу полошо е ако самото дознае а тоа многу често се случува во тинејџерските години и да има сериозно последици и да се чуствува измамено.
 
Горд сум што те познавам:smir:Јас рамислувам како тебе:smir:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom