Колку внимавате на исхраната?

Kolku vnimavate na ishranata?

  • Ospednat/a sum so isgranata

    Гласови: 12 5,5%
  • Mnogu

    Гласови: 44 20,3%
  • Ponekogas

    Гласови: 67 30,9%
  • Malku

    Гласови: 28 12,9%
  • Ne se zamaram

    Гласови: 66 30,4%

  • Вкупно гласачи
    217

InAnA

biAtch.
Член од
7 октомври 2007
Мислења
72
Поени од реакции
3
внимавам само од март до август...
лето, плажа, купаки, итн. -you know what I mean
после си надокнадувам со се што несмеам ^^
 

m.marko21

-STR8-
Член од
16 мај 2008
Мислења
1.177
Поени од реакции
75
Доволно внимавам и затоа немам никакви проблеми со здравјето и дебелината,не сум опседнат но пазам што јадам.
 

●Mαrια...«3*

♥ 3 ♥
Член од
3 април 2009
Мислења
692
Поени од реакции
68
Количински не јадам многу, на благото највеќе внимавам а и не јадам баш многу во последно време. :helou:
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Јадам колку ми душа сака и што ми душа сака.Ако ми е судено да умрам од тоа и ќе умрам ако не нема.Па еднаш се живее барем на исхрана не треба да се мисли.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
248
Поени од реакции
13
Се трудам да не јадам многу калорична, пржена и слатка храна. А опседната нешто посебно со исхраната не сум. Само сакам повеќе да конзумирам зеленчук и овошје отколку други глупости:)
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
се трудам да внимавам, се трудам да јадам здрава храна е сега колку можам толку.
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
не внимавам премногу јадам све што ми е убаво на вкус гледам да е само во помала количина ептен да не станам прасица но да се оптеретувам многу со тоа нема шанси
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
mnogu sve samo salama i lep jadam, ali pasteta ali konserva, ali kasha...
 

Аеродром

Faithful :)
Член од
15 август 2008
Мислења
2.217
Поени од реакции
256
Воопшто не се замарам,што ми е арно на душичката си јадам.
 

Vnuce

http://abix.mk
Член од
20 март 2006
Мислења
2.602
Поени од реакции
223
Внимавам многу на исхраната. Не јадам глупости.
Чисто пример, кога печеме бише, не го зимаме од било каде. Си се знае кој знае да го расне како што треба, да биде убаво мевцето, да има малце мрсничко, онака, ко за вкус.. ептен да не е суво, ебаго.
Сега викендов печевме јагнешко, ама, онака, многу внимателно го испековме. Знаеш што убаво испадна? Мх..мх... мераци, прсти лижевме, ребренца глодавме. Али, се тоа внимателно.
Кога сме више кај ребренцата, им фрливме мерак многу во последно време, има многу убави, меснати, големи во (да не праам реклама де сеа). Абе, скарана кутрата, едвај на нози стои кога ќе и сместиш 4-5 да се печат. Е сеа, мора внимателно да се прави тоа, сигурно не сакаш да падне некое ребренце на земја. Па на крај краева, ако падне, можеш да го дувнеш после, или да го шибнеш у тањир кај оној што те изнервирал, ко оној што е задужен за ракијата, а тебе ти ја остаил празна чашата и се праиш на три ипол. Али, многу поголем проблем е да не ги препечеш. Е тогаш си ја ебал утката. Ејјј.. па ако не си ги посолил убаво пред тоа, бегај... не ми се појавувај пред очи. Таква невнимателност со храната не можам да трпам. Ко она женине кога ќе се праат паметни, они ќе го спремат месото и после ко мармалад да јадам, ебаго. Треба внимателно да се посоли, да си бара после пивце, винце, што ќе се најде. Да иде.

Уф... муабетов... црева кркорат... Идам внимателно да изберам некое ребро од месарана доле.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
Внимавам доста се хранам природно, природно во смисла пвоеќе зеленчук, конзумирам месо но се е тоа варено и печено со малку масло, пржено избегавам може да ми се случи да отскокнам од тоа правило но ретко,

се придржувам кон здравата исхрана и немам некои потешкотии со здравје фала Богу и со телесна тежина се на се може да се здебелам 2-3 кила и тоа од благо бидејќи некогаш неможам да одолеам инаку од начинот на исхрана тешко.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Никогаш не сум внимавала, а и не ни планирам.
Фала богу јадам колку сакам и за среќа не ми се познава .. така да не внимавам ептен.
 
V

VeniVidiVici

Гостин
Никогаш не сум внимавала, а и не ни планирам.
Фала богу јадам колку сакам и за среќа не ми се познава .. така да не внимавам ептен.
Проблемите кои се предизвикани од лоша исхрана не се поврзуваат само со тежината. Лошата исхрана е причина за повеке од 50% ос болестите(освен ХИВ, и други вируси) Ракот на пример на желудникот и некои други органи е 100% предизвикан од нездрава исхрана.
Територијата на денешна Македонија е едно конзервативно изолирано примитивно општество кое речиси нема никаков контакт со се што е во тренд во светот. Повекето од нас уште од мали не учеа дека не е убаво да бидеш прибирлив во исхраната. Можеби е тоа поради сиромаштијата во која живееме па неможеме да се дозволиме да јадеме здрава и природна храна секогаш. Па така да според резултатите од анкетата што ги видов, а повеќето воопшто не внимаваат на исхраната, можам да заклучам дека кај нас има фабричка грешка. Па најнакрај човекот се раѓа како табула раса и сите ние сме продукти на нашата околина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom