Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.022
- Поени од реакции
- 61.935
Кој е според вас идеалниот состав на Македонската репрезентација во периодот од 1994 - 2008?
Мојот избор (се разбира со малку измешани позиции) е следниот:
------------------------------------------------------------
------------------------Милошевски----------------------
Митревски-----Најдовски-----Седлоски-----Стојковски
Лазаревски----Савевски------Канатларовски---Шаќири
--------------------Панчев-----Пандев-------------------
------------------------------------------------------------
Резерви:
-----------------------
Целески
Филевски
-----------------------
Бошко Ѓуровски
Вујадин Станојковиќ
Бабунски
Марковски
-----------------------
Игор Саша Николовски
Мицевски
Јаневски
Треневски
-----------------------
Ќириќ
Христов
Милко Ѓуровски
Наумовски
-----------------------
Еве и мало образложение:
Мојот избор (се разбира со малку измешани позиции) е следниот:
------------------------------------------------------------
------------------------Милошевски----------------------
Митревски-----Најдовски-----Седлоски-----Стојковски
Лазаревски----Савевски------Канатларовски---Шаќири
--------------------Панчев-----Пандев-------------------
------------------------------------------------------------
Резерви:
-----------------------
Целески
Филевски
-----------------------
Бошко Ѓуровски
Вујадин Станојковиќ
Бабунски
Марковски
-----------------------
Игор Саша Николовски
Мицевски
Јаневски
Треневски
-----------------------
Ќириќ
Христов
Милко Ѓуровски
Наумовски
-----------------------
Еве и мало образложение:
- Петар Милошевски: Најстандарден голман од кога е формирана репрезентацијата. Настапил во составот кај скоро сите селектори.
- Илија Најдовски: Еден од најдобрите дефанзивци во силната југословенска лига. Освои титула со Вардар во 1987 а потоа и со Црвена Звезда, со која победи и во Купот на Европските Шампиони. Настапуваше и за репрезентацијата на СФРЈ а во натпреварот од СП 1986 против Аргентина го сопре и славниот Марадона.
- Игор Митревски: Ја почна кариерата во Караорман, па преку Напредок и Силекс стигна до славниот руски тим Спартак од Москва со кој настапуваше во лигата на шампионите. Во сеќавање ќе останат мечевите со Арсенал и Баерн во кои успешно ги чуваше Беркамп и Елбер. Моментално настапува во Бундес лигата за тимот на Енерџи Котбус каде што е незаменлив во одбраната.
- Гоце Седлоски: Нема многу потреба да се зборува за Гоце Национале. Бескомпромисен борец и цар во одбраната. Играше за Победа, Хајдук, Шефилд Вендзеј, Динамо (каде што беше и капитен) и Матерсбург, каде што моментално настапува, а беше избран и во идеалниот состав на австиската лига.
- Митко Стојковски: Започна во битолски Пелистер а целосна афирмација доживеа во Црвена Звезда каде што беше и капитен и лидер на екипата. Кариерата ја продолжи во Шпанија во тимот на Овиедо. Немаше среќа со повредите и прерано ја заврши кариерата.
- Артим Шаќири: Еден од капитените на Македонската репрезентација. Во нашата лига се афирмираше во дресот на Караорман по што премин во Вардар. Ќе остане запаметен по голот од корнер во Саутемптон со кој го пензионираше Дејвид Симан.
- Драган Канатларовски: Уште еден од шампионската генерација на Вардар. Настапуваше и за Црвена Звезда и Депортиво Ла Коруња. Подоцна стана и селектор на репрезентацијата.
- Тони Савевски: Веројатно најквалитетниот играч за врска што сме го имале. Играше за шампионската генерација на Вардар а потоа се пресели во АЕК. За овој тим настапуваше во лигата на шампионите во група со Милан и Ајакс, кои подоцна беа финалисти. Им даде по еден гол и на едните и на другите.
- Владе Лазаревски: Можеби најдобар десен бек досега во нашата репрезентација. Играше одлично во изминатите квалификации. Почна во Напредак од Крушевац а сега игра за Гроцлин во Полска. Се најавува негов трансфер во премиер лигата во тимот на Дерби.
- Дарко Панчев: Нема што да се каже за Кобрата што не го знаеме. Шампион на Југославија со Вардар и Црвена Звезда, европски првак со Црвена Звезда. Втор стрелец на сите времиња во југословенската лига и освојувач на Златната копачка во Европа. Голгетер од светска класа кој ги решеташе противничките мрежи. Негов најголем минус е што не успеа да направи добра интернационална кариера кога ја напушти Звезда. Ќе останат запаметени двата еврогола против Панатинаикос во Атина со кои ги фрли во очај Грците.
- Горан Пандев: Македонскиот фудбалски бисер, фантастичен напаѓач кој го бараат некои од најголемите клубови во Европа. Почна во Беласица од каде замина во Интер каде настапуваше за младинскиот состав. Моментално настапува за Лацио каде што станува икона на клубот. Се очекува негов трансфер во уште поголем клуб. Го издвојувам голот против Јувентус кога ја измеша најдобрата одбрана во Италија и двата гола против Реал Мадрид во ЛШ.