Идеален состав на репрезентацијата (1994-2008)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
29.022
Поени од реакции
61.936
Кој е според вас идеалниот состав на Македонската репрезентација во периодот од 1994 - 2008?

Мојот избор (се разбира со малку измешани позиции) е следниот:

------------------------------------------------------------
------------------------Милошевски----------------------
Митревски-----Најдовски-----Седлоски-----Стојковски
Лазаревски----Савевски------Канатларовски---Шаќири
--------------------Панчев-----Пандев-------------------
------------------------------------------------------------

Резерви:
-----------------------
Целески
Филевски
-----------------------
Бошко Ѓуровски
Вујадин Станојковиќ
Бабунски
Марковски
-----------------------
Игор Саша Николовски
Мицевски
Јаневски
Треневски
-----------------------
Ќириќ
Христов
Милко Ѓуровски
Наумовски
-----------------------



Еве и мало образложение:
  • Петар Милошевски: Најстандарден голман од кога е формирана репрезентацијата. Настапил во составот кај скоро сите селектори.
  • Илија Најдовски: Еден од најдобрите дефанзивци во силната југословенска лига. Освои титула со Вардар во 1987 а потоа и со Црвена Звезда, со која победи и во Купот на Европските Шампиони. Настапуваше и за репрезентацијата на СФРЈ а во натпреварот од СП 1986 против Аргентина го сопре и славниот Марадона.
  • Игор Митревски: Ја почна кариерата во Караорман, па преку Напредок и Силекс стигна до славниот руски тим Спартак од Москва со кој настапуваше во лигата на шампионите. Во сеќавање ќе останат мечевите со Арсенал и Баерн во кои успешно ги чуваше Беркамп и Елбер. Моментално настапува во Бундес лигата за тимот на Енерџи Котбус каде што е незаменлив во одбраната.
  • Гоце Седлоски: Нема многу потреба да се зборува за Гоце Национале. Бескомпромисен борец и цар во одбраната. Играше за Победа, Хајдук, Шефилд Вендзеј, Динамо (каде што беше и капитен) и Матерсбург, каде што моментално настапува, а беше избран и во идеалниот состав на австиската лига.
  • Митко Стојковски: Започна во битолски Пелистер а целосна афирмација доживеа во Црвена Звезда каде што беше и капитен и лидер на екипата. Кариерата ја продолжи во Шпанија во тимот на Овиедо. Немаше среќа со повредите и прерано ја заврши кариерата.
  • Артим Шаќири: Еден од капитените на Македонската репрезентација. Во нашата лига се афирмираше во дресот на Караорман по што премин во Вардар. Ќе остане запаметен по голот од корнер во Саутемптон со кој го пензионираше Дејвид Симан.
  • Драган Канатларовски: Уште еден од шампионската генерација на Вардар. Настапуваше и за Црвена Звезда и Депортиво Ла Коруња. Подоцна стана и селектор на репрезентацијата.
  • Тони Савевски: Веројатно најквалитетниот играч за врска што сме го имале. Играше за шампионската генерација на Вардар а потоа се пресели во АЕК. За овој тим настапуваше во лигата на шампионите во група со Милан и Ајакс, кои подоцна беа финалисти. Им даде по еден гол и на едните и на другите.
  • Владе Лазаревски: Можеби најдобар десен бек досега во нашата репрезентација. Играше одлично во изминатите квалификации. Почна во Напредак од Крушевац а сега игра за Гроцлин во Полска. Се најавува негов трансфер во премиер лигата во тимот на Дерби.
  • Дарко Панчев: Нема што да се каже за Кобрата што не го знаеме. Шампион на Југославија со Вардар и Црвена Звезда, европски првак со Црвена Звезда. Втор стрелец на сите времиња во југословенската лига и освојувач на Златната копачка во Европа. Голгетер од светска класа кој ги решеташе противничките мрежи. Негов најголем минус е што не успеа да направи добра интернационална кариера кога ја напушти Звезда. Ќе останат запаметени двата еврогола против Панатинаикос во Атина со кои ги фрли во очај Грците.
  • Горан Пандев: Македонскиот фудбалски бисер, фантастичен напаѓач кој го бараат некои од најголемите клубови во Европа. Почна во Беласица од каде замина во Интер каде настапуваше за младинскиот состав. Моментално настапува за Лацио каде што станува икона на клубот. Се очекува негов трансфер во уште поголем клуб. Го издвојувам голот против Јувентус кога ја измеша најдобрата одбрана во Италија и двата гола против Реал Мадрид во ЛШ.
Толку засега, па пишувајте на оваа тема. Во продолжение ако има потреба може да ги напишам имињата на играчите кои настапувале за Македонија во сите квалификациони циклуси до сега.
 
------------------------Милошевски----------------------
Митревски-----Kralevski:)-----Седлоски-----Стојковски
Лазаревски----Савевски------Канатларовски---Шаќири
--------------------Панчев-----Пандев-------------------
----------------------------------------------------------samo bi go dodal Kralevski Igor legenda ke go zeme sega nekoj dobar klub!Igra momentalno za Energija od Rusija!
 
Данчо Целески е најдобриот голман кој Македонија некогаш го имала.
 
--------------------Celeski------------------------
Nikolovski--Sedlovski--Mitrevski---Stojkovski---------
Micevski--Kanatlarovski--Savevski---Sakiri--------
----------Pandev----------Hristov
 
---------------------oka nikolov--------------


--------- novevski --- sedlovski ------ mitrevski-----


lazarevski-------- savevski ------- kanatlarovski --------- r.popov


-----------------------------pandev--------------------------


---------------------pancev ---------hristov
 
Митревски-----Kralevski:)-----Седлоски-----Стојковски

Секој си има свој вкус не би сакал да спориме околу тоа, ама морам да искоментирам: како успеа Кралевски да го исфрли Најдовски од составот не ми е јасно :-) Можеби затоа има :) до името :-). Ова повеќе на шала, сепак Кралевски воопшто не е лош играч.

А Ока Николов незнам дали може да влезе во конкуренција затоа што никогаш не настапил за репрезентација на официјален натпревар - штета!

Кога сме тука, еве да ги напишам и играчите кои во главно настапуваа во изминатите 14 години за репрезентацијата на Македонија:

Квалификации за европско првенство 1996
Кире Трајчев, Бобан Бабунски, Бошко Ѓуровски, Илија Најдовски, Драги Канатларовски, Тони Савевски, Чедомир Јаневски, Љупчо Марковски, Вујадин Станојковиќ, Зоран Јовановски, Митко Стојковски, Дарко Панчев, Зоран Бошковски, Милко Ѓуровски, Тони Мицевски, Жарко Серафимовски...

Квалификации за светско првенство 1998
Данчо Целески, Бобан Бабунски, Љупчо Марковски, Митко Стојковски, Зоран Јовановски, Ристо Милосавов, Влатко Гошев, Срѓан Захариевски, Игор Саша Николовски, Зоран Бошковски, Ѓорѓи Христов, Саша Ќириќ, Ванчо Мицевски, Тони Мицевски, Џевдат Шаиноски, Артим Шаќири

Квалификации за европско првенство 2000
Петар Милошевски, Гоце Седлоски, Милан Стојановски, Горан Ставрески, Тони Мицевски, Влатко Гошев, Виктор Треневски, Срѓан Захариевски, Џевдат Шаиноски, Митко Стојковски, Артим Шаќири, Игор Саша Николовски, Драган Веселиновски, Неџмедин Мемеди

Квалификации за светско првенство 2002
Петар Милошевски, Гоце Седлоски, Горан Ставрески, Зоран Јовановски, Игор Митревски, Игор Саша Николовски, Арџен Беќири, Ванчо Трајанов, Горан Лазаревски, Артим Шаќири, Тони Мицевски, Сашо Крстев, Миле Крстев, Ѓорѓи Христов

Квалификации за европско првенство 2004
Петар Милошевски, Гоце Седлоски, Игор Митревски, Милан Стојановски, Александар Васовски, Ванчо Трајанов, Роберт Петров, Роберт Попов, Влатко Гроздановски, Артим Шаќири, Ѓорѓи Христов, Гоце Толески

Квалификации за светско првенство 2006
Петар Милошевски, Гоце Седлоски, Васко Божиновски, Милан Стојановски, Александар Васовски, Игор Митревски, Александар Митревски, Ванчо Трајанов, Миле Крстев, Игор Јанчевски, Роберт Петров, Роберт Попов, Величе Шумуликовски, Артим Шаќири, Аце Стојков, Горан Пандев,

Квалификации за европско првенство 2008
Петар Милошевски, Гоце Седлоски, Игор Митревски, Николче Новевски, Величе Шумуликовски, Влатко Гроздановски, Владе Лазаревски, Дарко Тасевски, Роберт Петров, Роберт Попов, Горан Мазнов, Илчо Наумовски, Аце Стојков, Горан Пандев



Ова се оние кои настапуваа најчесто, значи го понесоа поголемиот товар. Ако сум испуштил некој напишете го во постовите некаде.



P.S.

Мило ми е што актуелната одбрана на Македонската репрезентација добива поддршка. И јас мислам дека оваа дефанзивна линија што ја имаме моментално е најдобра досега.
 
----------------Пандев--------Христов-----------------

Шаќири-------Савевски-------Јаневски-----Т.Мицевски

Стојковски---Најдовски-------Седлоски----Милосавов

-----------------------Целески-------------------------

Само некои забелешки
- Панчев не го ставив затоа што има многу малку играно за репрезентација,па не бече фер да улета пред Христов кој е најдобар стрелец.
- Поради истите причини не го ставив и Роберт Попов(место Мицевски). Нема човекот среќа со повредите,иначе после Пандев е наш најдобар фудбалер.

Ми текна и на Дејви Главевски пошто даде 3 или 4 гола со Лихтенштајн.
 
------------------------Милошевски------------------------

Лазаревски------Седловски--------Савевски---------Попов

Мицевски----------------Захариевски---------------Шаќири

--------------------------Треневски------------------------

----------------Христов--------------Пандев----------------
 
Capitano;1071671[B напиша:
------------------------[/B]


-Роберт Попов(место Мицевски). Нема човекот среќа со повредите,иначе после Пандев е наш најдобар фудбалер.
tuka se slozuvam so tebe robert e mnogu dobar klasi podobar od negoviot pomal brat no nema sreka :toe: mnogu povredi:nesum:
 
------------------------Милошевски------------------------

Попов------Седловски--------Савевски---------М.Стојковски

Шаиновски----------------Мицевски.Т---------------Игор.С.Николовски

--------------------------Пандев------------------------

----------------Христов--------------Ќириќ----

Тренер.Андон Дончевски.
 
------------------Celeski--------------------------
Popov----Sedloski-----M Stojkovski..........Petrov
Micevski-----------Trajanov------------Milosavov
-----------------------Pandev---------------------
----------------Hristov-------kirik-------------
 
Само ќе кажам, за слободни удари шутирање, Шеќеровски од ФК Охрид.
 
Отприлика се сложувам со составот на IOsonoINTERISTA со една измена... би го вметнал тука Новевски, можеби Стојковски не би бил во тој тим. Останатото... е сосема ОК
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom