Новата црква, место за сликање
Граѓаните ќе може да се сликаат пред новата црква на плоштадот Македонија е една од придобивките од изградбата на црква на плоштадот во Скопје, смета ВМРО-ДПМНЕ. Со самото тоа што граѓаните гласале за неа, ВМРО-ДПМНЕ смета дека сите нејзини проекти имаат зелено светло од гласачите.
- Околу црквата на плоштадот ќе се случуваат општествени и приватни настани. Секој турист нема да пропушти можност за фотографирање пред неа. Таа ќе стане дел од препознатливоста и симбол на градот и дел од разгледница или книга за Скопје. Добивме поддршка од половина милион гласа, кои се поддршка и за издвојување пари од буџетот за изградба на црквата - пишува во партиското соопштение. Иако жестоко критикуваше за одлуката за веронауката, ВМРО-ДПМНЕ за новата црква се повикува токму на одлуката на Уставниот суд да ја отфрли иницијативата за „Малиот ринг“. Никаде во Уставот или законите нема експлицитна забрана за обновување цркви. Во Општина Центар над 99 отсто од граѓаните се христијани, и природно е Советот на општината да го поддржи проектот. Именуваната црква е срушена од државата, по земјотресот и останува обврската и државата да ја изгради - се вели во соопштението.
Дневник