Late Night Show со Миленко Неделковски

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Малце премног го форсираат. Али едно што ме нервира е на секоја емисија водителките го прашуваат - Што сакаш повеќе, да седиш на компјутер или да си играш надвор? :tapp: Што целат незнам ни јас....
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
pa togash mozish da vidish kako se buni
mene mi e e kako programirano deteto
ama nisto cudno genijalec si e za edno ne za se
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
јас на 8 годин веќе имав љубовница.
овој кутрио ќе го пропедерчат со ваков третман.
 

DaN-MaN

Warlock
Член од
1 февруари 2007
Мислења
491
Поени од реакции
3
Последнава емисија беше онака, ок. Него, знаете што ќе има наредната? Оддамна чекам некоја тема од Мистерии. Тие ми се нај интересни
 
J

JOEY JORDISON

Гостин
порано мн ми се допаѓаше али откако почна новава сеозна не ми се допаѓа баш не потенцирам зошто ....:toe:
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
порано мн ми се допаѓаше али откако почна новава сеозна не ми се допаѓа баш не потенцирам зошто ....:toe:
аман не потенцирај
барем мене ми е јасно што мислиш

Последнава емисија беше онака, ок. Него, знаете што ќе има наредната? Оддамна чекам некоја тема од Мистерии. Тие ми се нај интересни
За 11-ти Септември и Кулите Близначки - повторно
повеќе инфо утре
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Па што ке ни е друга тема за кулите близначки, знаеме веке дека се беше наместено.
Емисиите за УФО(нло) се далеку поинтересни, барем за мене
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Па што ке ни е друга тема за кулите близначки, знаеме веке дека се беше наместено.
Емисиите за УФО(нло) се далеку поинтересни, барем за мене
па веќе знаеме
ама овај филм беше малку повеќе разработен за разлика од останатите
се стави акцент и на комисијата, имаше повеќе изјави на експрети како и на главниот инженер на кулите
спротиставени мислења и теории
изјави на жртви од последиците
и се на се уште една убава разработка за тоа како една влас во Америка добро се офајди на штета на соспвените граѓани и почнувањето на војната во Авганистан на која нема крај
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
не го пропуштајте ова
вреди да се види
канал5
 
Член од
27 мај 2008
Мислења
1.025
Поени од реакции
42
последниот дел :baeh:
:vozbud:
искрено не очекував да го викни во емисија овој голем човек
браво
 
Член од
12 октомври 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
89
последниот дел :baeh:
:vozbud:
искрено не очекував да го викни во емисија овој голем човек
браво
Ај те молам кажи накратко за шо се работи оти многу ми спор интернетов моментално ме нервира да чекам... :jaj:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
МИленко моментално во емисија на онај порано шо беше на МТВ пола саат кажува за искуства од забавни паркови.WTF?????:tapp:
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Колумна на Роберт Д. Крстевски за Миленко.

Феноменот Миленко
Миленко во сопствено полноќно шоу на Канал 5. Миленко и во „Жолт офсајд“ на Канал 5 плус. Миленко гостин на други телевизии. Миленко во весници. Миленко, конечно, во „НЗС 2“, повторно на Канал 5. Уште малку и фрижидер да отвориш, оттаму ќе излезе. Нема кај го нема.

Нејсе. Непишано правило на оваа колумна е да се избегне навраќањето на личност од медиумите што еднаш веќе била опсервирана, но во случајот со Миленко Неделковски, едноставно, тешко е да му се одолее на поривот да се направи исклучок. Речит, чешит, згора на тоа и контроверзен. Иван Мирчевски не можеше да посака посоодветен соговорник за да ја оправда девизата „Не заспивај сега“ на своето шоу што оди секој понеделник по последниот „Дневник“.

И новинарот што направи име како водител во Македонска телевизија во случајот со исто така некогашниот новинар во МТВ мораше да направи исклучок, па место неколкумина гости, како досега, беше принуден сите 90 минути да ги „отепа“ со Миленко. Причина - никој од тие што ги поканил да му прават друштво на Неделковски не прифатил да учествува во емисијата! Од тоа најмногу профитираа тие што жртвуваа дел од времето за спиење во пресрет на новиот работен ден, бидејќи можеа да дознаат пикантерии од приватниот живот, како и за пасијата со забавните паркови на собеседникот на Мирчевски, кој тешко дека може да се сети кога последен пат бил засенет, напати и инфериорен во однос на гостинот.

Миленко Неделковски, нема што, е приказна за себе во македонското новинарство. Уште пред дваесетина години го сврте вниманието врз себе како прв репортер од бившојугословенските простори што го интервјуирал трикратниот светски првак во Формула 1, Аиртон Сена. Малку подоцна повторно ги привлече рефлекторите на јавноста со шестмесечната суспензија од МТВ за коментирањето на мечот на Црвена звезда со Бриж, кога црвено-црните ги направи „партал“ за наводното труење со храна поради кое не му излегоа на мегдан на тогаш силниот Вардар, а играа во Белгија. Денес, пак, покрај тоа што се занимава со се' и сешто - од теории на заговор, преку спорт до внатрешнополитички теми, стигнува да коментира и Формула 1, но и да биде „сведок на сведокот“ во аферата со Победа.

Едни го обожаваат, други не можат да го смислат, но факт е дека сите (тие) го гледаат. А за некој да биде гледан ем слушан, мора да е интересен, елоквентен, природен, со други зборови да има што да каже и да знае како да го каже тоа. Со сиот багаж што го носи експритвореникот Миленко, сепак, не може да му се оспори дарбата за привлекување публика со својата слаткоречивост и уверливост, дури и кога се чини дека тоа што го зборува нема врска со вистината. Феномен.


Извор
 

Kajgana Shop

На врв Bottom